МОН демантира: Хакерски напад немаше

Министерството за образование демантираше дека нивната интернет страница и компјутерскиот систем бил цел на напад на хакерска група која се пофали дека успеала да го пробие. Од МОН тврдат дека објавените снимки од надзорни камери воопшто не се од простории во Министерството, бидејќи такви камери кај нив воопшто нема.
Оваа реакција следува откако на социјалните мрежи се појавија информации дека грчка хакерска група го пробила компјутерскиот систем на министерството за образование и притоа ја презело контролата врз надзорните камери и врз интернет страницата на МОН.
Во објавата, покрај снимката којашто би требало да ја потврди веродостојноста за кибернетичкиот напад, се наведува и дека е преземена контролата врз базата на податоци на министерството.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МОН: Семејствата на повредените кои се наоѓаат…
Министерството за образование и наука информира дека…
„Вие сте одговорни, од вас зависи“ порачаа…
Пред Министерството за образование на Србија се…
МОН дава финансиска поддршка за студирање на…
Студентите кои ќе се запишат на додипломски,…
Ученици поправале оцени во е-дневник, МОН бара…
Упад во системот на електронскиот дневник, кој…
МОН: Нови конкурси за сместување во студентските…
Министерството за образование и наука известува дека…