МОН: На кој му пречи ДУИ во учебници нека пријави
Ако некој граѓанин, група граѓани или здружение имаат забелешки во однос на содржината во некој од учебниците и сметаат дека таа е несоодветна, тоа можат да го пријават до МОН, по што забелешките ќе бидат разгледани и ќе биде донесена соодветна одлука, велат од Министерството за образование и наука откако во јавноста имаше реакции за учебникот по Албански јазик за петто одделение, во кој се среќава Демократската унија за интеграција (ДУИ).
Од МОН го соопштија ставот во одговор за „360 степени“, откако се прочу дека во лекција од учебникот посветена на кратенките на држави и организации, како пример е посочена и кратенката за Демократската унија за интеграции – ДУИ.
„МОН и Педагошката служба како институција задолжена за спроведување на постапки за изработка и одобрување на учебници се отворени за соработка и за сугестии по содржината на секој учебник. Сите забелешки се доставуваат на електронската адреса: [email protected]“, додаваат од МОН. Учебникот во кој се „протна“ ДУИ е издаден годинава. Негов автор е Вехби Кадриу, а издавач е министерството.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каде одиш Македонијо? Годинава има 500 првачиња…
Во новата учебна година се запишале 500…
ДУИ: Стравот од целосен ветинг не се…
Демократската унија за интеграции бара веднаш да…
ДУИ бара сеопфатен ветинг на сите јавни…
Претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска имаше…
ДУИ му одговори на Мицкоски: Ние сме…
„ДУИ како државотворна партија е гарант за…
ДУИ за кривичната пријава против Бектеши: Го…
Откако поранешниот министер за економија Крешник Бектеши…