МОН: Нови конкурси за сместување во студентските домови во кои има слободни места

Министерството за образование и наука известува дека од денеска е отворена можноста за пријавување на студенти за сместување во студентски домови каде што се останати слободни места по завршувањето на првиот конкурс.
Како што наведува МОН, слободни места за сместување има во студентските домови: „Кочо Рацин“ во Битола, „Томе Стефановски-Сениќ“ во Скопје, „Никола Карев“ во Охрид, „Oрде Чопела“ во Прилеп и во „Хилјадников“ во Штип.
-Сите заинтересирани студенти може да аплицираат најдоцна до крајот на тековниот месец. Критериумите и условите за аплицирање се идентични како и при првото пријавување – посочува МОН во објавата во која се наведени условите и начинот на пријавување.
Студентите може да аплицираат за сместување на следниот линк: Повторен конкурс за сместување во студентски домови каде има слободни места
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МОН: Семејствата на повредените кои се наоѓаат…
Министерството за образование и наука информира дека…
„Вие сте одговорни, од вас зависи“ порачаа…
Пред Министерството за образование на Србија се…
МОН дава финансиска поддршка за студирање на…
Студентите кои ќе се запишат на додипломски,…
Ученици поправале оцени во е-дневник, МОН бара…
Упад во системот на електронскиот дневник, кој…
МОН: Нови конкурси за сместување во студентските…
Министерството за образование и наука известува дека…