МОН објаснува: Ученицте нема да добијат скрипти туку квалитетни материјали

t

Дистрибуцијата на новите материјали за учење што ги подготви Министерството за образование и наука во соработка со Бирото за развој на образованието, наменети за учениците од прво, второ, четврто и петто одделение за предметите за кои се изготвени нови наставни програми е во тек и ќе се заокружи пред почетокот на учебната година, информираат од Министерството за образование и наука.

Учениците нема да добијат скрипти, туку материјали кои се квалитетни, креативни и го разработуваат наставниот материјал за првото тримесечје. Во меѓувреме, во тек се постапките за одобрување на нови учебници за овие одделенија и наставни предмети. Сите се во различна завршна фаза и етапно ќе бидат заокружувани, информираат од МОН.

Паралелно, додаваат од Министерството, до училиштата се врши и достава на учебниците за сите останати одделенија – трето, шесто, седмо, осмо и деветто и со оглед на тоа што процесот е интензивиран се очекува да заврши до крајот на утрешниот ден.

Министерството за образование и наука упатува апел до раководствата на основните училишта да ги подигнуваат материјалите за учење и учебниците од просториите на општините и да организираат нивна распределба и доделување на учениците на првиот училиштен ден.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По укинување на факултетот на Мерко, можно…

По укинување на приватниот факултет за здравствени…

Ако има место добро, ако не, здравје!…

Реконструкцијата на студентските домови „Стив Наумов“ и…

Ќе се вселуваат само „Гоце“, „Пелагонија“ и…

Според конкурсот за прием на студенти запишани…

Општина Карпош ги награди првенците на генерацијата

Согласно планираната Програма на Одделението за образование…

Конкурс за учебници нема, учениците од седмо,…

Откако Министерството за образование и наука објави…