МОН: Со дигитализација на образованието, вложуваме во развојот на државата

t

Подобрување на квалитетот на наставата, стекнување на дигитални вештини и безбедно пребарување на интернет, се дел од придобивките од набавената ИТ опрема за 40 основни училишта, преку проектот на Министерството за образование и наука за унапредување на основното образование кој е финансиран со средства од Светска банка.

Како што соопшти денеска Министерството за образование и наукa, се вложува во дигитализација на образовниот процес како еден од главните фокуси на реформата на националниот образовен систем. Станува збор за глобален тренд кој, како што се наведува, настојуваме да го следиме, а ќе придонесе и за развојот на дигиталното општество во земјава.

-Со примената на новата ИТ опрема, учениците во основните училишта ќе развиваат нови дигитални вештини, а особено важно е што ќе бидат заштитени од непристојни содржини кои ќе ги ограничува централниот систем инсталиран во рамки на МОН, стои во соопштението.

Од МОН потсетуваат дека покрај набавката на ИТ опрема за основните училишта, ресорното министерство ги опреми и кабинетите по предметите од групата на општествени науки како историја и географија со нови наставни и нагледни средства, а целосно се опремени и кабинетите по природни науки во сите основни училишта.

– Инвестирањето во образованието е инвестиција во иднината. Образован и квалификуван кадар може да придонесе за развој на општеството и средината во која живееме. Секоја инвестиција во процесот на образованието, двојно се враќа во државата, се вели во соопштението од Министерството за образование и наука. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МОН: Семејствата на повредените кои се наоѓаат…

Министерството за образование и наука информира дека…

„Вие сте одговорни, од вас зависи“ порачаа…

Пред Министерството за образование на Србија се…

МОН дава финансиска поддршка за студирање на…

Студентите кои ќе се запишат на додипломски,…

Ученици поправале оцени во е-дневник, МОН бара…

Упад во системот на електронскиот дневник, кој…

МОН: Нови конкурси за сместување во студентските…

Министерството за образование и наука известува дека…