МОН: Учебната година ќе почне без образовни асистенти за дечињата со посебни потреби – Објавен е оглас
Точно е дека учебната година ќе започне без образовни асистенти за дечињата со посебни потреби, но тоа ќе трае кратко бидејќи училиштата веќе распишаа огласи за образовни асистенти, велат од МОН за Инфомакс, откако на социјалните мрежи се појави информација дека образовните асистенти биле „одјавени од работа“.
Како што велат од МОН секое училште си распишува сопствен оглас, кој годинава бил распишан на 19/20 август. Огласот трае пет дена а после тоа следи избор на кандидатите. Ваква е праксата со години наназад, велат од МОН.
– Годинава ќе има околу 1.000 образовни аисстенти за дечињата со посебни потреби, точно е дека учебната година ќе започне без образовни асистенти, но тоа не треба да трае долго бидејќи огласите веќе беа распишани. Дечињата ќе добијат асистенти во најбрз можен рок, велат од МОН.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ученици поправале оцени во е-дневник, МОН бара…
Упад во системот на електронскиот дневник, кој…
МОН: Нови конкурси за сместување во студентските…
Министерството за образование и наука известува дека…
Владата ги остави личните асистенти на децата…
Тоа што Владата ги остави децата со…
За вработените во образование утврдена минимална плата…
По неколку „tet-a-tet“ средби на претседателот на…
Џабе лаги и префрлање на вина: МОН…
Министерката за образование и наука, Весна Јаневска,…