Морнариците на Русија и Кина заеднички патролираат низ Тихиот Океан

Руската и кинеската морнарица спроведуваат заеднички патроли во Тихиот Океан, соопшти руското Министерство за одбрана.
Западните медиуми пренесуваат дека со оваа заедничка активност се продлабочуваат воените и дипломатски врски меѓу Москва и Пекинг, додека нивните односи со западните земји се влошуваат.
Во соопштението на руското Министерство на нивниот Телеграм канал, се наведува дека екипажите на двете морнарици изведуваат заеднички тактички вежби во кои учествуваат артилерија и хеликоптери.
„Задачата на патролите е да ја зајакнат поморската соработка меѓу Русија и Кина, да го одржат мирот и стабилноста во азиско-пацифичкиот регион, да ги надгледуваат бреговите и да ги заштитат поморските економски капацитети на двете земји“, се додава во соопштението.
Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска во Узбекистан ќе се сретне со неговиот руски колега Владимир Путин за да разговараат за ситуацијата во Украина и Тајван. Тоа ќе биде прв состанок во странство на кинескиот лидер во последните две години.
Руските и кинеските воени бродови ги извршија првите заеднички патроли во октомври минатата година, во западниот дел на Тихиот Океан, што не остана незабележано од Јапонија, која нивните маневри ги нарече „невообичаени“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Падна првиот договор меѓу Русија, Украина и…
Белата куќа соопшти дека САД и Русија…
Завршија преговорите меѓу САД и Русија во…
Ројтерс, повикувајќи се на руски извор, пишува…
Путин бара од Украинците да земат руско…
Рускиот претседател Владимир Путин почна да врши…
Вулин: Руските разузнавачки служби ни помогнаа против…
Српскиот вицепремиер Александар Вулин рече дека руските…
Трамп: Многу скоро целосно примирје, а потоа…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека очекува…