Морничаво: Млада девојка силувана, убиена па фрлена во масовна гробница во Буча

t

Телото на дваесет и три годишната Украинка Карина Јершова е откриено меѓу стотици трупови во масовна гробница во Буча, откако оваа девојка била силувана, мачена и застрелана во главата, соопшти нејзиното семејство.

„Таа беше застрелана од непосредна близина. На неа и недостигаше речиси половина од главата“, рекол Андри Деренко, очувот на несреќната девојка.

Откако Јершова исчезнала минатиот месец, нејзината мајка Олена Дереко ги замолила луѓето на социјалните мрежи да и помогнат да ја најде нејзината ќерка, пренесува „Њујорк пост“.

Една пријателка на нејзината мајка подоцна објавила каква страшна судбина ја снајде оваа девојка.

„Пријатели, страшни вести. Расисти ја убија ќерката на мојата пријателка Карина Јершова. Тоа беше ужасно“, напиша Олесија Васиљец на Фејсбук.

На погребот на Јершова нејзината мајка Олена Деренко се обидела да го отвори ковчегот за последен пат да ја види единствената ќерка, но сопругот ја спречил да го види нејзиното осакатено тело, пишува британски Телеграф.

На семејството му било кажано дека Јершова претрпела „насилна смрт“ и дека има „рани“ по целото тело, но властите криеле детали од семејството и ја повикале мајката да не гледа слики од нејзиното осакатено тело.

„Не го видовме долниот дел од нејзиното тело, само горниот, но она што можете да го видите на врвот, можеме само да замислиме како изгледа остатокот од нејзиното тело“, рекол очувот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Захарова: Русија е подготвена да го реши…

Разговорите меѓу Русија и Украина се движат…

Трамп изјави дека гледа „мал напредок“ во…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека гледа…

Путин откри што бара од Украина

Русија не бара капитулација на Украина, туку…

Украинската армија доби нов командант

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…

Русија и Украина повторно разменија заробеници

Нова група руски војници е вратена од…