Морони, парите да ги вратите назад!

t

И џабе слушаме, еве веќе трета деценија, дека судот не треба да биде мета на притисоци и дека интегритот на судиите и судските одлуки мора да остане неприкосновен.
Арно ама, овие постулати вредат само кога се користат како празни флоскули на политичките митинзи, пред меѓународната заедница и кога тоа е политичку курентно.

Последен е примерот со предметот „Таргет/Тврдина“ кој разбуди многу духови, па гледаме како преку социјални мрежи, сосема неквалификувано се коментира одлука на Апелациски суд. Не верувам дека било кој од овие политичари или партии го имаат прочитано диспозитивот на одлуката на Апелацискиот суд, но тоа не ги спречува да си нарачуваат пресуди по мерка.

Трагедијата е во тоа што, додека истите овие политичари и политички партии се повикуваат на владеење на правото и правната држава, токму тие го прекршуваат законот.

На пример, недозволиво е претседател на држава, во случајов Стево Пендаровски со својот коментар да ја девалвира судската одлука. Без разлика дали е „Таргет/Тврдина“ или било која друга пресуда.

Судиите се водат исклучиво од законот, и се должни да го спроведуваат. Тоа е нивниот опис и попис на работното место. Не постои можност за судија да донесе одлука која е спротивна на законот. Тој мора да одлучи во рамки на законот, и согласно процесното право.

Одлуката за „Таргет/Тврдина“ на Апелацискиот суд пронаоѓа суштински повреди на процесното право во првостепената постапка за истиот предмет. Кога станува збор за суштинска повреда на процесното право во првостепена постапка, тогаш на Апелацискиот суд не му останува ниту една друга можност освен да досуди укинување на првостепената одлука и да го врати предметот на повторно судење, во кое, судијата кој ќе ја води првостепената постапка ќе мора да се води по напатствијата на Апелацискиот суд и да не ги повтори суштинските повреди поради кои е укината неговата пресуда.

Ако некој е за критика, тогаш, треба да бараме одговорност кај судијата кој во прв степен одлучувал во предметот „Таргет/Тврдина“ бидејќи токму тој е виновен за укинувањето на неговата пресуда од страна на повисокиот суд. Ако судијата во првостепена постапка ги запазувал сите процесни правила и постапки, законскиот норматив и соодветно ги уважувал правата во постапката на сите застапени страни, тогаш не би оставил простор да му биде „бутната“ одлуката од страна на повисокиот суд. Вака, токму судијата во прв степен оставил можност неговата одлука да биде анулирана и вратена на повторно одлучување со суштински напатствија.

Како да ви кажам, ама, „Таргет/Тврдина“ е предмет во кој едноставно не се почитувала постапката уште во прв степен. Тогаш се брзаше да се донесе осудителна пресуда, бидејќи на политичкиот фактор тоа му беше курентно. Таа одлука се користеше за политички маркетинг и популизам.

Впрочем, и одбраната на Мијалков го констатира ова:

„Одбраната на господинот Сашо Мијалков ја поздравува одлуката на Апелациониот суд во Скопје затоа што е законита и праведна и заснована на доказите и фактите кои се наведени во жалбата поднесена против првостепената пресуда.

Во текот на целата главна расправа одбраната укажуваше на бројните повреди на законот. Повреди кои доведоа до неоснована и правно неиздржана пресуда. Наместо да одговори на сите отворени прашања околу незаконското следење на комуникации, Основниот суд без аргументи и докази донесе осудителна пресуда против нашиот клиент. Пресуда за која беше јасно дека нема да ја издржи проверката во повисокиот суд.

Актуелните политички напади врз судскиот совет во Апелациониот суд во Скопје кој одлучуваше по поднесените жалби за предметот се неприфатливи и заслужуваат најсериозна осуда.

Одбраната се уште ја нема добиено пресудата на Апелациониот суд во Скопје и се уште не ги знае аргументите и насоките на второстепениот суд. Знае само дека се изразува “загриженост” или “згрозување” од највисоки државни функционери од извршната власт. Тоа е директно мешање и вршење притисок врз судската власт која мора да биде независна. Уште позагрижувачки е дека таквиот притисок е јавен и покажува дека оправдан бил стравот за политичко мешање уште од самиот почеток на постапката и се влијаело да се донесе првостепена пресуда каква што беше донесена.

За ваквите притисоци и мешање во судската власт ќе го информираме и Судот за човекови права во Стразбур бидејќи цениме дека со тоа се нарушуваат правата на нашиот клиент за фер и правично судење кое во ваква атмосфера и хајка врз судиите е невозможно тоа да се добие.

Ниту Претседателот на државата, ниту министрите во владата не се тие кои треба да носат судски одлуки. Тоа право им припаѓа исклучиво на оние кои дале заклетва дека ќе делат правда и биле избрани за тоа, а се останато е недозволено мешање кое го урива интегритетот на судството кој заради политичките влијанија е сериозно разнишан“ – се вели во соопштението на одбраната на Мијалков.

Е сега, кога функционира правната држава, се буни Пендаровски па дури и се повикува на правната држава. Јбг, претседателе, правната држава е токму тоа.

И, иако поставив прашање во кое ја поставив оваа дилема околу нарушување на судскиот интегритет и мешање во судската власт од страна на Пендаровски – што е спротивно на принципот на владеење на право и правна држава – од кабинетот не ја видоа можноста да ја исправат грешката и си продолжија со плукање по истиот постулат врз кој се повикува Пендаровски во изјавата, правна држава.

– Сметаме дека коментарот на претседателот не е директно мешање во судската власт и нарушување на интегритетот на судот, велат од кабинетот на Пендаровски за Инфомакс.

Тие сметаат…иако немаат врска со суд, постапки, судска власт. Тие би можеле да сметаат дека судот е ваков или онаков само во случај кога би биле обични цивили, но кога нивното „сметање“ доаѓа од Претседател на држава тоа кажува за состојбата во кое е судството – желботека на политичката врхушка.

Слични коментари имаа и Владини претставници. На пример, недозволиво е претставници на највисоката извршна власт да коментираат одлуки на судската власт, ама внимавајте на иронијата – вицепремиерката за добро владеење Славица Грковска од ракав оценува одлука на Апелациски суд. Какво е тоа „добро владеење“?

Грковска важи за дефакто министер за борба со корупција. И тука е иронијата. Како тоа таа е задолжена за борба со корупција, кога токму таа корумпира судии со своето политичко и извршно влијание – имајте го ова во предвид, Грковска е втор човек во Владата на Ковачевски, што е значителна одлучувачка моќ. Кога би била цивил, никој нема да забележи на нејзиниот коментар, но како лице со исклулителна политичка моќ, тоа претставува корупција.

Со овие ствови се согласува и професорот Гордан Калајџиев, кој во коментар за Инфомакс вели дека ова е само доказ дека нашите политичари се тотални аналфабети и аматери.

– Ова е супер тест политичарите да покажат колку се правно неписмени и политички аналфабети и аматери!Коментираат судски одлуки кои не ги виделе. Правните советници што скапо ги плаќаат да ги вратат парите. Судските постапки не се спортски натпревар во кои навиваш за своите. Судските постапки се дизајнирани да ги тестираат доказити и само така може да ја легитимираат казната, објаснува професорот Калајџиев, кој важи и за еден од најеминентните авторитети кога станува збор Кривично и Кривично-процесно право.

За крајот тој додава дека се работи за „морони“ поради кои јавноста секогаш останува фрустирана.

-Се’ морони се на функции, а јавноста секогаш е фрустрирана, заклучува Калајџиев.

Е сега, колку и да им објаснуваат професори, судии, странци, новинари и аналитичари секогаш ќе имаме политичари кои се „морони“ како што објаснува и професорот Калајџиев.
Еве и еден таков пример, кои покрај моето укажување во прашањето дека врши притисок врз судот тој продолжи да објаснува дека тоа бил негов став.

Арбен Таравари дефакто ја потврдува тезата на Калајџиев, па на мое прашање вели:

– Ние изнесуваме наш став и видување!, вели Таравари, притоа несфаќајќи дека токму тоа е проблемот. Ако сакаш на ФБ да си коментираш одлуки, без притоа тоа да не се сфати како притисок врз судската власт тогаш не треба да се занимаваш со политика.

Адвокатот Игор Кичеец, одлично ги сублимира овие поенти:

– Според мене, иако имам либерален став кон коментирање на било која судска одлука, сепак сметам дека Претседателот треба да е повоздржан и поумерен во своите коментари. Тој можеби е шокиран од одлуката, но без да ја види и без да ги знае причините за истата не смее да користи таков вокабулар. Мене веќе никаква судска одлука не може да ме шокира, бидејќи секакви сум видел. Иако се работи за своевиден притисок, судиите не би требало да подлегнуваат не само на ваков, туку и на било кој друг притисок. Но, во вавко руинирано судство каде исклучок е чесноста, стручноста и интегритетот кај судиите – ѓаволот одамна ја однел шегата – констатира адвокатот Игор Кичеец.

Тој додава дека засегнатите судиите дефинитивно ова може да го чуствуваат како притисок и мешање во нивата работа, но интегритетот, доколку го имаат, можат да го одбранат со брза, ефикасна и законите постапка понатака, крунисана со праведна провосилна пресуда. Така, единствено би докажале дека имаат интегритет и истиот би го сочувале, заклучува Кичеец за Инфомакс.

На крајот, морам да се согласам со професорот Калајџиев – морони, парите да ги вратите назад.

А.Митовски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Сведоштва)Грците направиле паралелен систем на прислушкување во…

Паралелен систем на прислушкување на телефонски разговори…

Пропадна првото рочиште од повтореното судење за…

Претпладнево започна првото рочиште по враќањето на…

Морони, парите да ги вратите назад!

И џабе слушаме, еве веќе трета деценија,…