Објавено на:

Москва го протерува британското воено аташе

t

Одбранбеното аташе на британската амбасада во Москва е прогласено за персона нон грата и мора да ја напушти Русија во рок од една недела, соопшти руското Министерство за надворешни работи.
Претставникот на британската амбасада во Москва е повикан во Министерството за надворешни работи на Русија поради протерувањето на рускиот аташе од Лондон, соопшти Министерството.
Како реципрочна мерка Русија го протерува британскиот воен аташе од Москва, се наведува во соопштението.


Во соопштението се додава дека британското воено аташе мора да ја напушти земјата во рок од една недела.
Се наведува и дека реципрочните мерки на Русија не се ограничени само на протерување на аташеите.
„Нашата реакција на непријателските антируски чекори на британската страна објавени на 8 мај нема да биде ограничена само на оваа мерка. За понатамошни одмазднички чекори ќе бидат информирани иницијаторите на ескалацијата“, соопшти Министерството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Москва удри по укранските одбранбени објекти –…

Руската војска изврши серија напади врз украински…

(ВИДЕО) Зеленски: Русите се уште напаѓаат, а…

Украинскиот претседател – Володимир Зеленски и се…

Вучиќ од Москва: Благодарност до Црвената армија…

По многу години, повторно во Москва. „Горд…

(Видео) Вучиќ слета во Москва

Српскиот претседател Александар Вучиќ денес пристигна во…

И Вулин ќе оди во Москва на…

На покана на највисокото раководство на Руската…