Москва и Вашингтон го осудија атентатот врз словачкиот премиер Фицо
Рускиот претседател Владимир Путин испрати телеграма до претседателот на Словачка во врска со атентатот на премиерот на таа земја Роберт Фицо.
„Со огорченост ја примив веста за атентатот на словачкиот премиер Роберт Фицо, ова монструозно злосторство не може да има никакво оправдување“, се наведува во телеграмата на рускиот лидер.
Тој истакна дека го познава Фицо како храбар човек со силен дух и дека се надева дека овие квалитети ќе му помогнат да ја издржи оваа тешка ситуација.
Амбасадата на САД во Братислава е во близок контакт со Владата на Словачка и е подготвена да помогне во врска со атентатот на премиерот на таа земја Роберт Фицо, се наведува во писмената изјава на американскиот претседател Џозеф Бајден.
Американскиот лидер истакна дека Вашингтон го осудува грозоморниот чин на насилство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија и Украина повторно разменија заробеници
Нова група руски војници е вратена од…
Русија: САД да не се мешаат во…
Русија ги предупредува САД да не се…
Евакуирани дел од американските дипломати во Израел
Двајца американски претставници велат дека владин авион…
Калас: Русија денес нема шанси против ЕУ…
Русија годинава издвои повеќе за војската отколку…
Белата куќа испрати меил со сите изјави…
Во услови на тековниот израелско-ирански конфликт, Белата…