Објавено на:

Москва: Лондон ќе добие одговор доколку ја ескалира ситуацијата по инцидентот со британските дипломати

t

Русија ја предупреди Велика Британија дека Лондон ќе добие решителен одговор доколку ја ескалира ситуацијата по инцидентот со дипломатите, се наведува во соопштението на руското Министерство за надворешни работи во врска со повлекувањето на акредитацијата на дел од вработените во британската амбасада во Москва.
Исто така, беше предупредено дека доколку Лондон почне да ја ескалира ситуацијата, руската страна ќе даде решителен, реципрочен одговор“, се вели во соопштението.
Министерството соопшти дека на 10 март во Министерството за надворешни работи на Русија бил поканет претставник на британската амбасада во Москва.


„Руската страна упати остар протест во врска со откриените факти дека одредени вработени во дипломатската мисија намерно дале лажни информации при добивање дозвола за влез во Русија, што е прекршување на член 2 став 26 од Федералниот закон за процедурата за влез во Руската Федерација и за излез од Руската Федерација“, се вели во соопштението.
Британскиот дипломат бил информиран дека поради прекршување на руското законодавство, како и земајќи ги предвид информациите добиени од надлежните руски органи кои укажуваат дека овие офицери припаѓаат на британските специјални служби, акредитацијата на овие лица се укинува.
„Тие мора да ја напуштат територијата на Руската Федерација во рок од две недели“, додаваат од Министерството.


Нагласено е и дека Москва нема да толерира активности на непријавени британски разузнавачи на територијата на Русија и дека руската бескомпромисна политика по ова прашање ќе биде формулирана во согласност со интересите на националната безбедност.
„На британските граѓани им се советува да даваат само точни и целосни информации за себе кога аплицираат за руска виза“, се заклучува во соопштението на руското МНР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Прва реакција од Москва: Не исклучуваме контакти…

Руското Министерство за надворешни работи вечерва оопшти…

Москва: Лондон ќе добие одговор доколку ја…

Русија ја предупреди Велика Британија дека Лондон…

Кремљ: Москва е загрижена за милитаризацијата на…

Европската унија се позиционира како противник на…

За Москва укинувањето на помошта на САД…

Песков во врска со суспендирањето на американската…

Следната недела Лондон ќе биде домаќин на…

Британскиот премиер Кир Стармер ќе биде домаќин…