Објавено на:

Москва: Не веруваме дека САД ќе го напуштат НАТО

t

Заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков, изјави денеска дека Москва не верува во можноста САД да се повлечат од НАТО.

„Не мислам дека тоа ќе се случи“, рече Рјабков во интервју за списанието „International Affairs“.

Тој оцени дека актуелната американска администрација користи „извесна доза бравура“ во својата реторика.

– Мислам дека тоа е дел од вербалната стратегија за поттикнување на ‘НАТО коњот’. За САД да се разделат од Алијансата, би требало да се случи нешто што за мене е потполно незамисливо. Не верувам во такво сценарио, изјави рускиот дипломат.

Изјавата на Рјабков доаѓа откако поранешниот амбасадор на САД во НАТО, Иво Далдер, на 28 март изрази загриженост дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп би можела да ја повлече земјата од Алијансата, и покрај забраната донесена од Конгресот во декември 2023 година.

Далдер нагласи дека, имајќи го предвид критичкиот став на Трамп кон обврските за колективна одбрана, ваков развој на настаните не може целосно да се исклучи

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Москва: Не веруваме дека САД ќе го…

Заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј…

(Фото) Трендафилов се мајтапи со Бране се…

Мислам дека сме најдобри другари, или не…

Шекеринска – Соренсен: Континуираната соработка меѓу НАТО…

Заменик генералниот секретар на НАТО, Радмила Шекеринска…

СДСМ: Молкот на Андоновски го потврдува скандалот…

Скандалите во Министерството за дигитална трансформација водено…

Дали Мицкоски е лично вклучен и ги…

Дали Христијан Мицкоски е лично вклучен и…