Москва се закани: Секој кој ќе испорача оружје на Украина ќе сноси одговорност
Руското Министерство за надворешни работи вчера соопшти дека сите оние кои испорачале смртоносно оружје во Украина ќе одговараат доколку се употреби за време на руската воена операција во земјата.
Министерството додаде дека чекорите што ги презема Европската унија против Русија нема да останат без одговор.
Речиси сите европски земји најавија помош за Украина во оружје. Последната помош, по неутралната Финска, синоќа ја соопшти Норвешка, која уште од 1950 година се придржува до политиката да не испорачува оружје на земји кои не се членки на НАТО, се наоѓаат во војна или се загрозени од вооружени конфликти.
Норвешка ќе донира до 2.000 фрлачи на противтенковски ракети М72, се наведува во соопштението на владата.
– Норвешка има строга политика во однос на извозот на воена опрема, но Украина сега се соочува со вонредни околности, изјави премиерот Јонас Гар Стоере.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Новата помош од Америка доаѓа во…
Претседателот на Украина Володимир Зеленски изјави дека…
Лавров: Москва е подготвена на преговори со…
Москва е подготвена за преговори за решавање…
„Фајненшл тајмс“: Трамп ќе ја принуди Украина…
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп наметнува мировен…
Вучиќ: Со Трамп мирот во Украина е…
Потребен е рационален пристап за да се…
Медведев повторно се заканува: Директен конфликт меѓу…
Директен конфликт меѓу Русија и САД, доколку…