Москва: Украинската армија нападна нафтена платформа во Црно Море
Руските медиуми објавија дека украинските сили нападнале нафтена платформа во Црно Море, што е во сопственост на кримската нафтена компанија „Черноморнефтгаз“.
–Тоа беше гранатирање од страна на вооружените сили на Украина, нема жртви, соопшти кримската служба за вонредна состојба, без да наведе повеќе детали.
Според руските медиуми тоа е втор таков напад на украинските сили за една недела.
Претставници на Крим на 20 јуни соопштија дека три лица се повредени, а седум лица се водат како исчезнати по украинскиот напад, што ја запре работата на три платформи на „Черноморнефтегаз“.
Русија по анексијата на Крим во 2014 година ја одзеде компанијата „Черноморнефтгаз“ од украинскиот национален оператор за гас „Натогаз“. „Черноморнефтгаз“ е под санкции на САД и на Европска Унија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија „на две столчиња„: Имаме стратешко партнерство…
Блискиот Исток тоне во хаосот на војната,…
Околу 150 луѓе од „непријателски земји“ се…
Околу 150 луѓе емигрираат во Руската Федерација…
Русија и Украина повторно разменија заробеници
Нова група руски војници е вратена од…
Русија: САД да не се мешаат во…
Русија ги предупредува САД да не се…
Украина дозволи двојно државјанство за справување со…
Парламентот на Украина денес усвои нов закон…