Москва: Украинците претрпеа страшни загуби во обидот за контраофанзива

Украинските војници претрпеа големи загуби во неуспешен офанзивен обид во регионите Николаев и Херсон во три правци, соопшти Министерството за одбрана на Русија.
„За време на борбите уништени се 26 украински тенкови, 23 пешадиски борбени возила, девет други оклопни борбени возила и соборени се два јуришни авиони Су-25. Загубите на непријателот во жива сила се повеќе од 560 војници“, соопшти Министерството.
Се наведува дека украинските војници се обиделе да ја извршат офанзивата по директна наредба на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
За тоа дека Украина во понеделникот започна офанзива на јужниот фронт, пренесе Ројтерс повикувајќи се на претставникот на оперативната команда „Југ“ на Министерството за одбрана на Украина, Наталија Гумењук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Голем удар за Русија, хакерски напад го…
Руските медиуми јавуваат за голем хакерски напад…
Падна првиот договор меѓу Русија, Украина и…
Белата куќа соопшти дека САД и Русија…
Завршија преговорите меѓу САД и Русија во…
Ројтерс, повикувајќи се на руски извор, пишува…
Зеленски: Во Белата куќа го бранев достоинството…
Претседателот Володимир Зеленски денеска изјави дека го…
Стив Виткоф: Зеленски прифати да се одржат…
Специјалниот пратеник на САД за руско-украинскиот конфликт,…