Москва ѝ се закани на Чешка: Ќе следи одговор ако…

t

Одлуката на Чешка за замрзнување на руските средства е незаконска и во случај на официјализирање на тие непријателски чекори, Москва ќе одговори, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Со тие зборови тој ја коментираше веста дека Владата на Чешка одобрила замрзнување на рускиот државен имот во земјата, а на листата на санкции се најде и компанијата која стопанисува со руски недвижен имот во странство, „Росзагрансобственст“.

„Силниот антируски однос на чешките власти предизвикува сомнежи. Таквата позиција категорично ја отфрламе, не ја прифаќаме. Судејќи според ваквите одлуки, за кои сме сигурни дека се целосно незаконски од гледна точка на меѓународното право, сите предмети што може да се таму во наша сопственост, освен оние што имаат дипломатски статус, сега се изложени на ризик“, рече Песков.

На прашањето каква ќе биде реакцијата на Русија на постапките на Прага, портпаролот на Кремљ рече дека експертите сега ја анализираат ситуацијата со цел да ги минимизираат ризиците.

„Се разбира, доколку овие непријателски чекори се формализираат, ние ќе одговориме. Треба да анализираме што имаат Чесите овде и така натаму“, рече Песков.

Руската компанија „Росзагрансобственост“ управува со многу имоти во Чешка кои се во сопственост на Русија. Со влегувањето во националната листа за санкции, сите средства со кои управува компанијата во Чешка беа замрзнати.

Така, Чешка стана првата земја што ги замрзна руските недвижности во странство. Споменатите недвижнини главно се наоѓаат во Прага и Карлови Вари. „Росзагрансообствоност“. Прага извести дека „сите комерцијални активности на таа компанија, вклучително и лизингот, сега се нелегални“. Ставањето на списокот со санкции ќе доведе до замрзнување на сите средства во сопственост на компанијата во Чешка или под нејзина контрола, објавија чешките власти, пренесува Спутник.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Њујорк Тајмс“: Иран бара од Русија напредни…

Иранската влада побарала од Русија напредни радари…

Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…

Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…

„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…

Сијарто: Прекинот на транзит на нафта од…

Министерот за надворешни работи и надворешни економски…

Русија ќе обезбеди поддршка за Северна Кореја…

Рускиот претседател Владимир Путин денеска му порача…