Објавено на:

Мотив повеќе пред баражот со Украина, РФМ одреди „дебела“ премија за ракометарките за пласман на светско!

t

Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија денес донесе одлука околу премијата што нашите девојки ќе ја поделат при евентуален пласман на Светското првенство кое ќе се одигра во Данска, Норвешка и Шведска. 

Нашите ракометарки играат двомеч со репрезентацијата на Украина, а доколку успеат да ја минат оваа пречка, пласманот на Светското првенство ќе им донесе премија од 40.000 евра која ќе ја поделат сите меѓусебно. 

Ова беше заклучено на денешниот состанок на Управниот одбор на федерацијата и треба да претставува мотив повеќе за девојките во пресрет на клучниот бараж за пласман на Светското првенство. Мечевите ќе се одиграат на 8 и 11 април, а првиот меч ќе се игра во Скопје и се очекува огромна поддршка од „Фалангата“ за македонските ракометарки. 

Светското првенство за жени ќе се одигра во гореспоменатите скандинавски земји во периодот од 29 ноември до 17 декември годинава.

Извор: Гол.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нигеp ги пpекинува дипломатските односи со Укpаина

Нигер ги прекинува дипломатските односи со Украина…

Украина ја засилува својата ракетна програма, Зеленски…

Украина издвојува дополнителни средства за својата ракетна…

ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…

Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…

Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…

Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…

„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…