Мојот одговор за Игор Дурловски

Tи благодарам Igor Durlovski најпрво што ме контактираш, жалам што тоа го правиш јавно на Фејсбук наместо по телефон затоа што знам дека го имаш мојот број. Дополнително жалам што ме контактираш после толку долго време иако секогаш сум бил тука за тебе и за сите останати.
Јас бев за вас тука кога ве апсеа, протестирав бред затвори, пред судови, кога дел беа амнестирани, дел во затвор јас заедно со моите пријатели организиравме протести на кои побаравме слобода. Јас излегував по телевизии со променетиот исказ на Нинџа иако знаев дека можам да завршам во затвор. Морам да напоменам дека ти беше единствен кој не побара амнестија и беше ослободен од секаква вина и секоја чест за тоа.
Бев тука за тебе и те поддржав и кога даде оставка од пратеничката функција иако цела партија ти се лутеше затоа што знаев дека тоа го правиш со чисто срце и оти гледаш дека ништо не можеш да промениш.
Заради мојот активизам и мојата работа, јас секој втор ден бев по станици, плаќав казни, бев физички нападнат, киднапиран, следен и прислушкуван за македонски екстремизам. За жал тоа се случува и денес.
Ако сакаш да зборуваме за морал морам да ти посочам дека луѓето кои го имаат никогаш не се откажуваат од своите основни принципи.
Твоите колеги во Македонската филхармонија со месеци се жалат дека новата власт сака да им наметне партиско решение во културна институција, човек чие главно животно достигнување е пријателството со Изет Меџити. Морам да напоменам го слушнав и одлично пее, но прашањето е дали знае да води културна институција и дали неговото назначување е соогласно закон.
Досега за жал од тебе не сум видел ниту една изјава, ниту еден коментар со критика за оваа ситуација и ред други кои однесуваат на суштината против она што сме се бореле.
Жалам што мораше да го споменеш Заев без да кажеш колку пати Христијан Мицкоски тајно во „Бела Вода“ се сретна со него откако тој си замина од премиерската позиција . Средби за кој цела Македонија знае, средби со нашиот „архинепријател“.
Знам дека те боли монтажата која ја објавив ама треба да знаеш дека и илјадници Македонци кои гласаа за промени на последните избори ги болат изневерените очекувања. Жалам што колективно дозволивме една од најубавите македонски песни во кои е можеби сокриена суштината да се биде Македонец да биде злоупотребена во политичка пропаганда и да стане обична изборна химна.
И за крај жалам што како што вели песната што и денес Македонија негде се сокрива и негде покрива.
Искрено и јас ти посакувам многу среќа во животот и посакувам да се бориш за вистината и правдата како што тоа го правеше до сега затоа што тоа е борба која никогаш не завршувал без разлика кој е на власт во државата.
Пишува: Милош Милошевски
Oва е објавата на која реагираше Дурловски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мојот одговор за Игор Дурловски
Tи благодарам Igor Durlovski најпрво што ме…
Филипче: Ќе повикам на лидерска средба, да…
„Во Кочани се случи страшна трагедија која…
Цените на нафтата околу 74 долари
Цените на нафтата се задржаа на меѓународните…
(Видео) Таткото на прегазената 22-годишна девојка Теодора…
Срамота е ова, три години не мачат,…
Израелските власти побарале Додик да ја напушти…
Израелските власти побараа од претседателот на Република…