Мојот одговор за Луке Галевски

t

Несомнено е дека си ги преживеал и живеел последиците на мачната транзиција исто како и јас. Твоето семејство се соочувало со истите проблеми со кои се соочувало и моето семејство, истите болки, истите маки, го паметам и јас времето кога 10 денари беа многу, а со 100 денари во џебот ти се чинеше дека можеш да го купиш светот, а таквите денови беа реткост.

Се согласувам и со тезата дека најголемото мнозинство на граѓани во оваа држава ја делеле истата субина со тоа што ќе потенцирам дека за жал дека најголем дели понатаму ја делат истата судбина која сме ја минале и двајцата во младоста.
Лесно е да ги испереш рацете ставајќи се во истиот кош со мнозинството на луѓе во оваа држава кои преживеале екстремна сиромаштија, неправди и нивните животи биле уништени од политиката.

Сепак ти денес си на другата страна, ти си на страната на политиката која ги уништува човечките животи.

И сето ова не мораше да биде така, твојата генерација на политичари требаше да биде онаа која ќе ги промени работите,
генерација која знае што значи да немаш само затоа што некој политичар одлучил дека група олигарси треба да имаат се.
Но ти и твојата генерација ја прокоцкавте својата шанса за промени затоа што продолживте како до сега.

Тука ќе го споменам и Стенфордскиот затворски експеримент – познат психолошки експеримент што го спровел американскиот психолог Филип Зимбардо во 1971 г. Неговата цел е да ги проучува реакциите на луѓето во состојба на ограничена слобода, во услови на затворски живот и влијанието на наметнатата општествена улога врз однесувањето.
21 студент биле поделени во две групи на почетокот на експериментот. 11 од нив требало да бидат чувари, а 10 биле затвореници.

Ситуацијата брзо излегла од контрола. До вториот ден, волонтерите кои ја играле улогата на чувари почнале психички да ги мачат своите затвореници. Соблечени голи, врзани со синџири и без храна и сон, затворениците биле трауматизирани, половината претрпеле нервни сломови, така што до шестиот ден експериментот – планиран да трае две недели – бил прекинат.

Ова покажува дека наметнатите општествени улоги во погрешно поставен систем дури и кога чесни и здрави луѓе се од двете страни на паричката секогаш завршуваат на ист начин, едните угнетени, а другите привилегирани.
Ако некогаш си бил затвореник денес ти си чувар на затворот.

Ако некогаш си бил угнетуван, денес ти угнетуваш.

И тоа е така затоа што системот никогаш не се промени, напротив секоја нова генерација на политичари тој систем го усовршува.

Се плашите нешто да промените затоа што сте успеале во тој систем, практично тој систем ве издигнал на нивото на кое сте денес, се плашите да не ги изгубите парите, привилегиите, функцијата.

Во Македонија никогаш не се промени начинот на кој се води политиката, лидерот е сведен на ниво на божество, различното мислење не е дозволено, оној кој размислува со своја глава е непожелен и предавник, оној кој ќе го крене гласот против политиката на партијата ќе биде уништен по секоја цена без притоа да се бираат средства, послушниците ќе ги добијат сите привилегии и функции, ќе им биде дозволено да бидат корумпирани и да корумпираат затоа што за нив законот не важи, а кога ќе дојде до промена на власта дел од нив ќе завршат како жртвени јагниња за да се спасат политичките божества.

Во вака поставен систем секој од на може да биде затвореник и затворски чувар.

Ако нешто покажа дека ништо не се сменило покажа вашиот однос кон трагедијата во Кочани. Немој да мислиш дека не знам кој ги пишувал тезите, кој го креираше наративот и кој го трасираше патот за огромна неправда кон семејствата од Кочани и огромната болка која им ја нанесовте само да ја спасите политичката кариера на неколкумина.
И успеавте затоа што во секоја година злото во оваа држава само се усовршува. Најголемата цена сепак ја платија родителите кои го загубија најмилото и згора на сето тоа беа понижувани, угнетувани и етикетирани од вас „децата на транзицијата“.

Вашата генерација на политичари во ВМРО-ДПМНЕ е доказ кој ја потврдува тезата на Зимбардо дека во погрешно поставен систем секој човек може да биде и затвореник и затворски чувар.

Не сакам да мислиш дека ова го пишувам со било каква пизма кон тебе или било кој мој поранешен колега, напротив сум помирен со се што било и се што поминало. Не ви се лутам за ништо и сум среќен со тоа каде сум денес и тоа што го имам.

Но морам да признаам дека ве сожалувам. Затоа што знам со каква идеја сте влегле во политиката, а знам што правите денес.

И никогаш не заборавај дека злото започнува онаму каде човек се решава да се откаже од својот морал и принципи за лична корист.

Пишува: Милош Милошевски како одгово на отвореното писмо на Луке Галевски еден од најблиските соработници на Христијан Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мојот одговор за Луке Галевски

Несомнено е дека си ги преживеал и…

Непознато лице од автомобил пукало кон дом…

На 17.10.2025 во 03:00 часот во СВР…

Путин го свика рускиот Совет за безбедност…

Рускиот претседател Владимир Путин ги информираше постојаните…

Левица: Мицкоски се претставува како патриот, а…

Со разочараност, но без изненадување, констатираме дека…

ЕУ ја одобри втората транша од 16…

Европската Унија ја одобри втората транша средства…