Мојсова-Чепишевска: Делото на сесловенските просветители нè обврзува да се бориме за македонските писмо, јазик и книжевност

t

„Нека ни е честит Денот на сесловенските просветители! И да не заборавиме на сето она на што нивното дело нè обврзува, особено нас во чијашто традиција е многу присутен култот кон нив. Светите браќа Кирил и Методиј не се случајно избрани. И не е случајно што тие за свој изворник ги избрале говорите од Солунско! Тие биле избраните и со знаење и со дипломатија да се изборат за наше, словенско писмо и на Словените да им се овозможи слободна официјална употреба на својот, мајчин јазик. И ние, денес, треба секогаш да се бориме за нашето македонско писмо, за нашиот македонски јазик и за велелепната книжевност што се создава со него. Зашто како што порача св. Кирил – сонцето подеднакво свети за сите“!

Ова преку државната телевизија го порача универзитетската професорка и книжевна критичарка, Весна Мојсова-Чепишевска по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители.

Како што вели Мојсова-Чепишевска во своето соопштение, таа се осврнала и на состојбите во македонистиката, при што истакнала дека од 1946 година, Филолошкот факултет „Блаже Конески“ е бастионот на развивањето и грижата за македонскиот јазик. Како што посочи, и денес имаме студенти што ја гарантираат иднината на македонистиката.

„Неслучајно е што имињата на сесловенските просветители се во темелите на нашиот Универзитет. Но името на Универзитетот многу обврзува и треба често да си го поставуваме прашањето на Крсте Мисирков: ‘Што направивме и што треба да направиме за однапред?‘ Не само со бројки и статистики, туку со квалитетот на нашето работење, со посветеност да се вложи во знаењето на најдобрите“, вели Мојсова-Чепишевска.

Таа ги напомена и потребите од вложувања во информатиката, модернизацијата во наставата итн., но сепак, задржувајќи се на квалитетот на работењето и на кадарот што произлегува од студентките клупи.

„Не е важно дали се 5.000 студенти само како бројка, туку важно е дека се вистинските 500 студенти што навистина го сакаат она што го студираат, во нив да се вложи максимумот и потоа тие да можат професионално да се вложат во нашето општество, илустративно“, посочува Мојсова-Чепишевска во своето соопштение.

Во тој контекст таа напоменува колкава е важноста што на Катедрата за македонска книжевност и култура студираат токму оние што навистина ја сакаат книжевната македонистика и што може токму ним во наставата да им се посвети целосно внимание и да им се пренесат знаењата.

Одговарајќи на прашањата и за интересот за македонистиката во странство, меѓу другото, таа вели оти посочила дека посветеноста на странските македонисти се темели и на нивниот интерес за нашата приврзаност кон сесловенските просветители и нивните ученици.

Сите треба да се заложиме и да си го почитуваме македонскиот јазик“, вели Мојсова-Чепишевска.

Таа додава дека ја споделила честитката од својата колешка Добрила Миловска од која со децении, студентите на Катедрата за македонска книжевност и култура учеа за средновековната книжевност и култура, за светите Кирил и Методиј, за глаголицата, за светите Климент и Наум Охридски и другите нивни ученици и следбеници.

„Ова е Ден за паметење, Ден на Моравската мисија, Ден на Глаголицата со која прогледавме и излеговме од мракот на незнаењето“, вели на крајот Весна Мојсова-Чепишевска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…

ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…

Со 88 гласа “за” пред 3 часот…

Американската амбасада ќе ги подобрува односите помеѓу…

Аташето за култура и образовани на САД…