Мојсовски и Каевски тврдат дека против нив се води хајка
Наумче Мојсоски и Дарко Каевски демантираат злоупотреби со спортските ваучери и го отфрлија отворањето на предметот на ОЈО инициран од Државната комисија за спречување на корупција како политички мотивиран.
Се гони уште едно познато име во спортот, актуелниот претседател на Македонскиот олимписки комитет Даниел Димевски, за несовесно работење за време на неговата функција како претседател на Централната комисија за доделување на ваучерите.
Тие и уште девет лица се обвинети дека ја оштетиле државата при распределба на парите наменети за федерациите, клубовите и спортистите кои добиваа ваучери, а одредена фирма се согласува да го реализира под услов дел од парите да ги добие назад преку даночно ослободување.
„Ги сметам за тенденциозни „мистериозно“ протечените информации во јавноста. Очигледен е тајмингот и намерата. Очекувам транспарентна постапка во која моите тврдења целосно ќе се потврдат, а ќе докаќат дека токму оваа хајка во јавноста против мене е само алатка за заплашување пред вториот круг претседателски и парламентарни избори, изјави Наумче Мојсовски.
Каевски порача дека обвинувањата против него се неосновани и тенденциозни и дека не го прекршил законот и тоа ќе се докаже.
„Очекувам и во исто време сум убеден дека во една јавна, гтранспарентна, фер постапка ќе се докаќе вистината и целосна моја невиност. Не навлегувам во мотивите на ОЈО да бидам опфатен со ваква постапка. Постои сомнеж дека оба можеби е злоупотреба за изборната кампања, но едно е сигурно – вистината ќе се потврди дополнително на ова вештачење е од 25.042024, ден после првиот круг од претседателските избори, а предлогот е доставен на три работни дена потоа, вели Дарко Каевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каевски: Неучество во техничка Влада на ВМРО-ДПМНЕ,…
Евентуално неучество на ВМРО-ДПМНЕ во техничката Влада…
Каевски: Локалната власт на ДПМНЕ ништо не…
Освен тоа што ништо не работат и…
Му кажало магарето на зајакот имаш големи…
2 години локална власт - 0 резултати,…