Мојсоска: Ангелов изјави дека купување на противпожарни возила е СКАПО за власта!

t

Стојанче Ангелов (функционер во влада која се задолжи 6 милијарди евра кредит) изјави дека купување на противпожарни возила било СКАПО за власта, па затоа ПРИЛАГОДУВАЛЕ полициски и армиски возила за гаснење пожари?! – пишува на Фејсбук пратеничката од Левица, Јована Мојсоска.

– Па, да не земавте кредити за да ги покривате долговите на неспособните вмровски градоначалници, сигурно од кредитот ќе останеа средства за купување противпожарни возила – што е прашање на ЕЛЕМЕНТАРНА БЕЗБЕДНОСТ.

Најверојатно ние ќе влезиме во историјата како единствена држава која се задолжува со милионски кредити за паркчиња, асфалтирање улици, канализации и фарбање камења што треба да личат на велосипедска патека. – пишува Мојсоска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мојсоска: Ангелов изјави дека купување на противпожарни…

Стојанче Ангелов (функционер во влада која се…

Трамп ги укина санкциите за руски производител…

Претседателот на САД – Доналд Трамп, ги…

Koга го прегазиле дедо Југо 30 деца…

Бојан Бошковски, зет на загинатиот Југослав Николовски,…

Сончево и топло, температурите до 39 степени

Претежно сончево и многу топло со слаб…

Битиќи со розови наочари го читаше Ребалансот…

Министерството за финансии молчи за апликациите и…