Мојсоска: Да имаше оваа влада грам чувство на морална одговорност денес Шабан Салиу немаше да држи пресови

t

Да имаше оваа влада грам чувство на морална одговорност денес Шабан Салиу немаше да држи пресови, вели во објава на Фејсбук пратеничката од Левица, Јована Мојсоска.

– Шабан САЛИУ уште е министер без ресор во владата, иако истиот е обвинет во истрагата за Кочани. Салиу (со образ ѓон) ДЕНЕС држи прес-конференции, опериран од било каква морална одговорност.

Салиу беше директор на ДЗС од 2008 до 2017 година. Во подрачното одделение на ДЗС во Кочани, уште од 2012 година не било пополнето работното место за инспектор за заштита од пожари – односно Салиу повеќе од пет години ја оставил општина Кочани без инспектор!

Да имаше оваа влада барем грам чувство на МОРАЛНА ОДГОВОРНОСТ (и тоа е неповрзано дали министеров има кривична одговорност), денес Салиу немаше да држи пресови како обвинет за најголемата трагедија во поновата историја – вели ратеничката во објава на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ