Мојсоска: ДПМНЕ коленичи со 58 пратеници, Мицкоски очигледно има амнезија
*Објава на Фејсбук на пратеничката од Левица и кандидат за градоначалник на Струга, Јована Мојсоска:
Мицкоски во вчерашно интервју тврди дека Левица во Струга одработувала за ДУИ. Оваа изјава доаѓа од премиер во влада, каде вицепремиер му е еден од НАЈКРИМИНОГЕНИТЕ ликови на ДУИ, кој 12 години криминално владееше со Чаир и кој е олицетворение на корупција, безредие и мафиозно делување. Ама откако Изет Меџити “преслече ново руво”, се заборави на неговите милионски провизии и криминали како втор човек на ДУИ.
За одработувањето за ДУИ, Мицкоски може да го праша Тошковски кој го пушти ГРУБИ како господин да помине преку граница со државно обезбедување; може да ја праша вмровската директорка на Еразмус што му дели грантови на “универзитетот” на МЕРКО (кој шета на слобода затоа што по најново станал “комита); може и неговиот градоначалник Пецаков да го праша до кај се дивоградбите на шерифот Нефи Усеини.
Мицкоски ако е толку “решен” да се пресмета со криминалот на ДУИ, бујрум – неговите институции нека ги процесуираат ОСУМТЕ КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ на Левица против Талат Џафери (не можам да се сетам дека неговата партија има воопшто поднесено кривична пријава против функционер на ДУИ). Ама не смее да ги процесуира, затоа што онаму каде што коленичеше СДС со 40 пратеници, продолжи да коленичи ДПМНЕ со 58 пратеници.
И ако Мицкоски има амнезија, чудовиштето ДУИ го создаде неговата партија со тендери, провизии, инсталирање режим и амнестии за воени злосторства.
П.С. За ситнење на македонските гласови, нека го известат премиерот дека Левица нема кандидат во Кичево. И иако ДПМНЕ не му извади противкандидати на Вреди во другите општини, Вреди сепак му извади противкандидат на ДПМНЕ во Кичево.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мојсоска: ДПМНЕ коленичи со 58 пратеници, Мицкоски…
*Објава на Фејсбук на пратеничката од Левица…
Апасиев до ВМРО-ДПМНЕ: Глуперди кусогледи, да го…
Лидерот на Левица и пратеник во Собранието…
Јовановска: Советниците на ДПМНЕ во Советот на…
*Фејсбук статус на Катерина Јовановска Откако се…
Димитријевиќ: Граѓаните ќе го препознаат концептот на…
СДСМ ги објави 64 кандидати за градоначалници…
Пратеникот Јанчев од Левица удрил во мотор…
Сашко Јанчев од Гевгелија, пратеник на Левица,…