Мојсоска за Димитров: Во демократска и суверена држава, оваа амбасадорска марионета одамна ќе лежеше во затвор за велепредавство

t

Генералниот секретар на Левица, Јована Мојсоска, го коментира беседењето на поранешниот министер за надворешни работи, Никола Димитров во врска со работната група за промена на Уставот.

-Димитров излегол да објаснува по медиуми дека работната група за промена на Уставот не била формирана согласно уставните процедури?! Добро утро!

Јасно ни е дека на овој истрошен политичар му фали медиумскиот сјај, ама барем нека не ја потценува меморијата, глумејќи некаков уставен експерт. Токму Никиликс го потпиша Преспанскиот договор, со силување на волјата на народот, наместо тоа да го направи Претседателот на Републиката – како што предвидува Уставот при потпишување на меѓународни договори.

А што повеќе да се очекува од најобичен шпион и крт на Рикер, кој заврши во документите на Викиликс, заради тоа што изнесувал државни тајни за спорот со името. Во демократска и суверена држава, оваа амбасадорска марионета одамна ќе лежеше во затвор за велепредавство. – напиша Мојсоска на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДОБРА ВЕСТ! Младиот Никола ја победи болеста!

Во објава на својата официјална страна на…

На денешен ден Заев и Димитров беа…

На денешен ден пред 6 години тогашниот…

Димитров побарал aпaнaжа: Живеам од плата, не…

Од министрите и замениците министри кои не…

Димитров удpи по Ковачевски на Фејсбук: Салама…

Никола Димитров, поранешниот вицепремиер за евроинтеграции, денеска…

И Димитров yдpи по Маричиќ: He е…

Поранешниот министер за надворешни работи и доскорешен…