Мојсоска за изјавата на Пендаровски: Политички инфантилна изјава, на рамниште на кооперациски муабет

t

Генералниот секретар на Левица, Јована Мојсоска, на Фејсбук ја коментира изјавата на претседателот Пендаровски дека државата нема да пропадне ако се внесат Бугарите во Уставот.

-Колку политички инфантилна изјава, на рамниште на кооперациски муабет. Претседателов се однесуват како “да не е од тука”, па не го зема во предвид целокупниот контекст на ова барање од држава која во континуитет го негира постоењето на македонскиот народ (затоа што и очигледно толку му е политичкото резонирање).

Првично, недозволиво е промена на Уставот да се третира вака ноншалантно, во ситуација кога ние имаме повеќе промени на Устав отколку што имаме рушено дивоградби. Никаде нема примери во западните европски држави (кон кои наводно се стремиме), каде Уставот се третира како парче тоалетна хартија. Дел од овие држави со децении немаат направено никаква интервенција во своите Устави, затоа што „Уставот треба да се допира со рака која трепери”.

Второ, претседателов како да не е запознаен со специфичноста на македонскиот Устав, каде влезот на секоја етничка заедница предизвикува низа државни обврски. Да го просветлиме претседателот, ама ние немаме граѓански (туку ЕТНИЧКИ) устав, па секој влез на Бугарите во Уставот значит државно финансирање на културни емисии; навлегување на бугарскиот јазик во образовниот систем; државно финансирани бугарски клубови кои веќе покажаа дека се дувла за рехабилитација на најмрачната идеологија од поновиот век.

И за крај, да го “потсетиме” прецедников, дека овие барања доаѓаат од држава во која уште Македонци лежат во затвори заради нивната етничка припадност; држава која 70 години не ја променила својата политика за насилна асимилација на Македоците под паролата “две држави,един народ”; држава која фрла милиони за отворање клубови со имиња на фашистичките окупатори кои вршеле ѕверства врз македонскиот народ; држава во која во највисокиот законодавен дом беше усвоена Декларација со која се негира постоењето и самобитноста на македонскиот народ!

Па, би сакала да го прашам прецедников избран со гласови од Грчец, кога ќе почнат да се емитуваат емисии за рехабилитација на Цар Борис на национална ТВ – дали и тогаш нема да гледа никаков проблем?! – пишува Мојсоска на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обраќање на претседателот Пендаровски во Собранието на…

Претседателот Стево Пендаровски, утре, 19 декември 2023…

Пендаровски испратил порака до кабинетот на Ердоган…

Претседателот Стево Пендаровски во текот на вчерашниот…

Дискусија за заедничко дејствување против климатските промени…

Претседателот Стево Пендаровски утре ќе се обрати…

Евроамбасадорот Гир му го презентира Извештајот на…

Евроамбасадорот Дејвид Гир денеска му го презентира…

Пендаровски се сретна со Фон дер Лајен,…

Како што соопшти прес-службата на претседателот, тие…