Мојсоска: Кои институции “не го виделе” копањето и машините во самиот извор кој ја снабдува цела општина Струга со вода?

t

КОИ ИНСТИТУЦИИ “не го виделе” копањето и машините во самиот извор кој ја снабдува цела општина Струга со вода? – прашува во објава на Фејсбук пратеничката од Левица, Јована Мојсоска.

•Член 100 од Закон за минерални суровини презицира кој е одговорен за надзорот над експлоатацијата со минерални суровини.

Од државен инспекторат при Министерство за животна средина и ПП / Ministria e Mjedisit Jetësor dhe PH, инспекторат во Министерство за енергетика рударство и минерални суровини (претходно техничка инспекција) и секако како најповикани и НАЈПАРТИЗИРАНИ – ОЈО СТРУГА и Министерство за внатрешни работи / Мinistria e Punëve të Brendshme.

Ниту обвинителите во Струга, ниту МВР “не знаеле” и “не виделе” дека машини се поставени во самите извори, во населено место и дека копаат без концесија/ со истечена концесија (според официјалните информации од ОЈО Струга). Улогата на обвинителството и МВР е ПРЕВЕНТИВНА (а не откако ќе се случи екоцид) – ама вработувањето на КЛАТОГЛАВЦИ го зема својот данок.

БОНУС прашање: ОЈО Струга официјално извести дека „додека на терен собирале докази, ги затекнале машините на двете фирми кои вршеле кршење, ископ и транспорт на карпи во поголем обем во непосредна близина на изворите”. Зошто НЕ СЕ ОДЗЕМЕНИ машините од фирмите со кои се фатени во вршење кривично дело, како што предвидува член 100 од Закон за минерални суровини?! – напиша пратеничката на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мојсоска: Кои институции “не го виделе” копањето…

КОИ ИНСТИТУЦИИ "не го виделе" копањето и…

Народниот правобранител отвори постапка за водата во…

Регионалната канцеларија во Кичево на Народниот правобранител…

Градоначалникот Ќура ангажирал фирма што ќе утврди…

Градоначалникот на Струга, Менди Ќура, најави дека…

Левица: Дивоградбата во центарот на Струга расте под…

Иако во центарот на Струга една година…