Мојсоска: Нечовечно и сурово е пациенти да молат за лек во држава која троши милиони на авокадо и апарагус

t

Нечовечно и сурово е пациенти да молат за лек во држава која троши милиони на авокадо и апарагус, вели пратеничката Јована Мојсоска во обраќање до министерот Азир Алиу и директорот на Институт за трансфузиона медицина Амир Елези.

Во продолжение нејзината објава:

– Почитуван министер Azir Aliu, почитуван директор на Институт за трансфузиона медицина Amir Elezi,

Поминаа ТРИ НЕДЕЛИ откако на седница на пратенички прашања беше кажано дека лицата со хемофилија конечно ќе го добијат ТОЛКУ ПОТРЕБНИОТ лек ,,фактор 8″. Повеќе од пола година директоре Елези, лицата со хемофилија живеат отежнато, легнати во кревет, под секое човечко достоинство – затоа што ја чекаат вашата милост да го распишете тендерот за овој лек кој за нив живот значи.

Вчера добив повик од лице со хемофилија, кое пола година е врзано во кревет затоа што не ја добива потребната доза на лекот. Лицето веќе трпи болки поради неажурноста и немарноста на вашата институција. Дали почитувани министри и директори, можете за момент да ја доживеете голготата која овие лица ја преживуваат – дали можете да сочувствувате со СТРАВОТ и неизвесноста на лицата кои се во исчекување на лек за да можат нормално да функционираат?

Нечовечно и сурово е лица да молат за лек во држава која троши милиони на авокадо и апарагус. И моето клучно прашање е: кој ќе ја сноси ОДГОВОРНОСТА доколку дојде до животно-загрозувачки последици кај овие лица, само поради пролонгирање на тендерот повеќе од пола година? – напиша Мојсоска на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мојсоска: Нечовечно и сурово е пациенти да…

Нечовечно и сурово е пациенти да молат…

Левица: 300 болни од хемофилија веќе пола…

Триста лица - болни од хемофилија веќе…