Мојсоска: Пазарните инспектори пропуштиле да извршат надзор, персонална одговорност мора да има!

t

Од 80 дискотеки, само 22 дискотеки имале лиценци. Од тие 22 дискотеки, половина не ги исполнувале условите за да добијат лиценци, пишува на Фејсбук пратеничката од Левица, Јована Мојсоска.

– Тоа значи дека пазарните инспектори пропуштиле да извршат надзор над дискотеки кои работеле без лиценца; тоа значи дека службеници во МВР издавале согласност без да се исполнува услови за лиценца; тоа значи дека градоначалниците наплатувале надоместок од дискотеки кои не исполнувале услови да бидат дискотеки. Сето ова биле должни да го знаат.

Во помали места, каде има одвај 2 до 3 дискотеки, прашање е што воопшто работеле инспекторите, МВР и градоначалниците.

ПЕРСОНАЛНА одговорност мора да има. – вели Мојсоска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ