Мојсоска по насилството во Радоциш: Владејачкото мнозинство само да иницира законски измени, ако не соберат храброст Левица повторно ќе го поднесе Законот!

t

*Објава на Фејсбук на пратеничката од Левица, Јована Мојсоска:

За жал, насилникот од Радовиш кој тепаше бремена жена денес е на слобода. Иако МВР експресно постапи, поради лоши законски решенија, против овој насилник не може да се иницира постапка. Бидејќи против него се води друга судска постапка за семејно насилство (по пријава на претходна жртва) ми останува само да се надевам дека судот експресно ќе постапи и овој насилник нема да е долго на слобода.

И тука не се работи за лоша работа на институциите, туку за одлуки на ЛОШИ ПОЛИТИЧАРИ (оние политичари кои го креираат системот на кој се повикуваат).

❗️,,Бидејќи во конкретниот случај постои сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ по член 130 став 2 во врска став 1 од Кривичниот закон, каде стои дека гонењето се презема по поднесување на ПРЕДЛОГ за гонење, од жртвата било изјавено дека не сака да поднесе предлог.” И да разјасниме, државата е должна да ги ШТИТИ ПОСЛАБИТЕ, дури и кога тие сами не сакаат да се заштитат.

Семејното насилство е комплексен проблем, каде влијаат низа фактори (интимен однос, страв, манипулации итн.) Затоа, во развиени држави, семејното насилство се гони БЕЗ СОГЛАСНОСТ ОД ЖРТВАТА. Левица само пред 2 месеци поднесе законска измена семејно насилство да се гони без предлог на жртвата, но пратениците од ДПМНЕ-ЗНАМ-ВРЕДИ НЕ ГЛАСАА затоа што беше предлог од Левица.

Поради нивната арроганција, денес на слобода е насилник со богато криминално досие од криумчарење мигранти, прегазен полицаец, условно осуден за тепачка, кој дури и самиот објавува видеа како користи разни супстанци и се заканува дека ќе ги убие сите.

Не е системот виновен. Виновни се оние кои го креираа системот – а сите тие имаат имиња и презимиња…

П.С. Доколку пратениците од владејачкото мнозинство после овој скандал сами не иницираат измена за гонење на семејно насилство без согласност на жртвата, Левица ПОВТОРНО ќе го поднесе истиот предлог. И тогаш да не се повикуваме дека системот е крив.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мојсоска по насилството во Радоциш: Владејачкото мнозинство…

*Објава на Фејсбук на пратеничката од Левица,…

Единствено Левица била против неработење на Собранието

Координаторот на пратеничката група на Левица, пратеникот…

Левица: Психијатриската болница Демир Хисат во хорор…

Психијатриската болница во Демир Хисар со години…

Левица: Советниците на ДПМНЕ изгласаа во Долно…

Во Долно Лисиче ќе никне нова индустриска…

Левица: Македонија бележи двојно повисока инфлација во…

Македонија бележи двојно повисока инфлација во споредба…