Мојсоска по цензурата за Левица: Можете да ги откорнете сите цвеќиња – но не можете да го спречите доаѓањето на пролетта
Кандидатот за градоначалник на Струга од Левица, Јована Мојсоска, остро реагира на денес усвоеното упатство на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, со кое партија со шест пратеници останува без простор на телевизиите и медиумите за време на кампањата. Таа посочува дека во ист ден кога се потпишува кодекс за фер избори, институциите ја спроведуваат најголемата неправда и удар врз демократијата, нарекувајќи ја „Северна“ избанализирана пародија.
Мојсоска додава дека, и покрај сите обиди за ограничување на гласот на Левица, „можат да ги исечат сите цвеќиња, но не можат да го спречат доаѓањето на пролетта“.
„И официјално – денес е усвоено скандалозното упатство на АВМУ, со кое партија со 6 пратеници нема да ја видите на телевизија и медиуми!
Истовремено, денес низ општините се натопориле кандидатите и партиите да потпишуваат кодекс за ФЕР ИЗБОРИ “Северна” е само една избанализирана пародија.
П.С. Можете да ги исечите сите цвеќиња, но не можете да го спречите доаѓањето на пролетта“
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мојсоска по цензурата за Левица: Можете да…
Кандидатот за градоначалник на Струга од Левица,…
Зеленски: Ќе ги вратиме изгубените територии преку…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски, зборувајќи за потенцијалните…
Сиљановска–Давкова кон дијаспората: Ви се извинувам за…
Она што мислам дека треба час поскоро…
Во Тетово уапсена бегалка од „Идризово“
Лишена од слобода тетовка барана со потерница…
Зошто уште не се фатени сите потпалувачи…
По еден од најкацерогените месеци во Скопје,…