Мојсоска: Што знае Ковачевски како живее семејство со 16.000 денари кога цел живот е во функционерско семејство
Вчера во јавноста излегоа информации дека премиерот потрошил 26.000 евра за спонзорирање на неговата страница на Фејсбук за само 100 дена.
Генералниот секретар на Левица, Јована Мојсоска на Фејсбук коментира дека премиерот не може да знае што се 16.000 денари на ден за семејство кое има толкави примања на месечно ниво.
– 16.000 денари дневно само за спонзорирани објави трошел Ковачевски на личниот профил. Луѓе цел месец работат за таа плата.
Ама од кај би знаел Ковачевски, растен во функционерско семејство(татко градоначалник) со осигурано привилегирано работно место, почнувајќи од контроверзниот Маџар Телеком како отскочна даска.
Овие династии на функционери никогаш не го осетиле чемерот на сиромаштијата, неизвесноста во борбата за егзистенција, ниту пак стравот за како да се помине месецот.
И тие за себе сакаат да беседат дека се некакви “народни” претставници. – напиша Мојсоска на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Фирма на функционер на ВМРО-ДПМНЕ од…
Лиценца за испитен центар се издава за…
Власта бесрамно се фали со донациите на…
Левица ја оценува како крајно дрска и…
Владата најави ново задолжување од 700 милиони…
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска соопшти дека…
Акиов и се извини на службеничката за…
По насилниот инцидент на денешната седница на…
Трагeдија во Охрид: Жена загина кога автомобил…
45-годишна жена од Охрид трагично го загуби…