Моќен Интер за убедлива победа над Лацио и финале со Наполи
Екипата на Интер си ја заврши задачата, убедливо го порази Лацио (3-0) и се пласира во големото финале од Суперкупот на Италија кој се одржува во Ријад.
„Нераѕурите“ доминираа и му одржаа лекција на ривалот од Рим кој важи за братски клуб кога се говори за навивачките односи на двете екипи. Инзаги беше поуспешен од Сари на тактички план и така тимот од Милано ќе ја брани титулата.
Се играше 17. минута кога Димарко го проигра Турам, а тој го отвори резултатот и донесе 1-0. Имаше Интер уште неколку шанси за втор гол во првиот дел, ама не го најде патот до мрежата на Лацио. Сепак, на стартот на вториот дел, Чалханоглу од пенал донесе 2-0, а конечниот епилог во Ријад го постави Фратези три минути пред крајот.
Финалето меѓу Интер и Наполи во Саудиска Арабија е закажано на 22 јануари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пристигнаа компресивните костуми за повредените во Кочани
Организацијата „Супорт Кочани“ денеска ја презеде првата…
Трамп: Иран требаше порано да преговара
Актуелниот американски претседател Доналд Трамп изјави на…
Се урна стар мост во Индија, има…
Четири лица загинаа, а 51 се повредени…
Луке Галески стана член на Надзорниот одбор…
Луке Галески, дел од Извршниот комитет на…
Израел ја погоди иранската државна телевизија за…
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац во…