Мрежа на нафтени компании сакале да го изиграат ситемот и да испумпаат пари од буџетот, открива Лукаревска
„Сања Лукаревска е член на СДСМ од 2000 година со навршени 18 години, активно сум вклучена во телата и органите на партијата од 2002 година. Единствено што за мене дозволувам да се каже е дека сум припадник на СДСМ и не сум ничиј полтрон меѓутоа ги почитувам сите раководства досега и тоа е моја доблест и култура на однесување и така треба да се однесуваме сите, “ рече Сања Лукаревска, директорка на УЈП и заменик претседателка на СДСМ во емисијата Трилинг на ТВ 24, на коментарот дека доаѓа во време на друго раководство и лидер – Заев на кого е поблиска, а сега е Ковачевски.
Во врска со листата на должници Лукаревска посочи дека тоа е обврска која се објавува на месечно ниво за правни и физички лица како и дека се спроведени сите можни механизми за наплата. Таа посочи дека се намалува бројот на должници, и постепено се намалува и износот на тој даночен долг. Притоа најави и објавување на два специфични случаи на даночни должници кои ќе бидат соопштени во понеделник на брифинг со новинарите.
Во врска со објавувањето на нафтените компании кои затајувале данок Лукаревска посочи дека неможе да објави конкретни имиња на фирми бидејќи се работи за даночна тајна регулирана во законот за даночна постапка.
„Ќе ја испрезентираме таа мрежа на нафтени компании која што е во соодветен дослух со бензиски пумпи и врз основа на тоа ќе видиме како всушност сакале да го изиграат системот, да испумпаат од буџетот фиктивен ДДВ за што ние навремено сме алармирале, сме постапиле опсежна анализа и процедура имаме направено, со попис и детална анализа на сите фактури,што бле дел од тие деловни односи и детална анализа на физичките лица кои стојат зад тие бензиски пумпи, “ рече Лукаревска посочувајќи дека сето тоа ќе биде презентирано на брифингот со новинари во понеделник.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
УЈП констатираше неправилности кај 49 даночни обврзници
Даночните инспектори и контролори изминатиот викенд извршија…
УЈП ја објави најновата Листа на должници…
Управата за јавни приходи ја објави Листата…
Лукаревска: „Мој ДДВ“ е најуспешен проект не…
Има повеќе процеси кои што сме успеале…
15.548 работници не земале плата за ноември
Ноемвриска плата чекаат 15.548 работници. Податоците заклучно…
Мрежа на нафтени компании сакале да го…
„Сања Лукаревска е член на СДСМ од…