МРО/ТМОРО/ВМОРО/ВМРО – Македонска гордост, светло и крваво минато!

t

МРО/ТМОРО/ВМОРО/ВМРО – македонска гордост, светло и крваво минато(1.)

Создавањето и почетното дејствување на ВМРО

Улогата на Македонската револуционерна организација во градењето на македонскиот идентитет, јазик и култура е голема, немерлива. Таа всушност е одлучувачка за раѓање и создавање на македонската државност. Иако идејата за македонска државност во историјата се појави и е присутна уште од поодамна (од 6ти до 10ти век), сепак, таа почна правно и политички да се оформува и изградува во втората половина на 19от век, во предвмровскиот и предилинденскиот период.

Тоа е период кога демократските, либералните и националистичките идеи од Запад веќе се навлезени на Балканот (инаку тоа пенетрирање на напредни идеи започна уште на крајотод 18-от век). Како резултат на тоа почнал процесот на фрагментирање на милет-системот според кој населението (во османлиската држава) се разликувало според својата верска, а не според етничката припадност (Наташа Котлар-Трајкова).

Токму тогаш и се формира македонското граѓанство, кое веќе е зајакнато, и ги поставува своите први барања за образование на македонски народен јазик и богослужбана црквенословенски јазик. Тоа се барање вперени кон Цариградската патријаршија, која веќе создаде широк фронт за ширење на елинизацијата. Значи, првата битка е потиснување на грчкиот јазик и негова замена со живиот народен јазик. За таа намена и се јавуваат и првите национални агитатори и мобилизатори, кои со својата дејност и книгите што ги печатат и издаваат полека преминуваат во просветители, преродбеници, учебникари, печатари и револуционери.

Инаку, македонското национално, револуционерно и ослобиделно движење започна како културно-национално (40-ти годинина 19-ти век), продолжи како национално-револуционерно((од 1876 до 1892), еволуираше во политичко-револуционерно(од 1893 до 1903), за да на крајот се афирмира како национално-политичко, во периодот помеѓу Илинден 1903 и АСНОМ 1944(БлажеРистевски).

19-от век е е век на постојан отпор на македонскиот народ, отпор кон турската власт и отпор кон пропагандите на соседните земји – Грција, Србија и Бугарија. Тој народен отпор, во последните три децении прерасна во континуиран синџир на револуционерна активност. Најпрвин преку Разловечкото востание од 1876 година, а потоа преку Македонското востание(Кресненско востание) во 1878 година. Следуваа голем број друштва, другарства, кружоци, комитети, читалишта и организациикои се бореа на културен, духовен, економски и политички план, да ги заштитат интересите на македонскиот народ и за македонска државност. Најпознати од нив се Македонскалига, формиранавоРусе, 1880г, Народното собрание и Привремената влада од 1880година, формирана во Герман-Теке, Островски округ, Таен македонскикомитет, основан во 1885г, Славено македонска книжевна дружина, на Ѓеоргија Пулевски,  создадена во Софија, 1888г, Револуционерен кружок во Солунската гимназија, формиран во 1890г., Млада македонска книжевна дружина, 1891г., Софија,Таен македонско-одрински кружок, формиран 1900г. во Петроград, Македонското научнолитературно другарство формирано 1902г. во Петроград, Македонска социјалистичка работничка група, формирана во Софија од Васил Главинов, Ученичко друштво “Вардар“, формирано во Белград, 1893г, и многу други. Овој процес завршува со формирањето на Македонската револуционерна организација во 1893 година, на 23 октомври, во Солун. Тоа е период кога Македонија се бори  за сопствена егзистенција во семејството на слободниот свет.

Тогаш Македонија е под власта на Османлиската империја, која се повеќе слабееше, поради деспотизмот, тиранијата и анархијата во Империјата, и беше наречена “болниот од Босфор“.  Влошената општествено-политичка и општествено-економска положба во Империјата, се одрази и врз Македонија. Рефлексии врз незавидната состојба даваа и светските империјалистички сили, кои пројавуваа интерес кон појавата и развитокот на македонското национално-ослободително движење, ама ништо конкретно не превземаа во насока на подобрување на лошата состојба.

Во една ваква комплексна состојба Македонија  настојуваше да го изнајде и да го претстави својот сопствен пат, во себеизнаоѓањето на својот самобитен развој, за што историјата и беше строга автентична учителка.  Се бараше излез од тешките социјални, политички и духовни состојби. Огромна беше желбата и подготвеноста тешките ропски времиња да се остават зад себе, во историјата. Излезот и спасот се најде во револуционерна дејност на национално-ослободителното и револуционерно движење, издигнато на едноново ниво – Македонска револуционерна организација. Така, кај широките народни маси, а тоа се македонската интелегенција, македонскитот еснаф, селаните, работниците, учениците и студентите созреа мислата за создавање на единствена револуционерна организација на националноослободителното движење.

Основоположници на Македонската револуционерна организација(МРО – ТМОРО – ВМОРО – ВМРО) знаеме се Д-р Христо Татарчев, лекар од Ресен, Дамјан Груев, учител од с.Смилево, Битолско, Петар Поп Арсов, професор од с.Богомила, велешко, Иван Хаџи Николов, наставник од Кукуш, Андон Димитров, професор од с.Ајватово, Солунско,  и Христо Батанџиев, учител од Ѓуменџе. Тие на својот прв конститутивен состанок не составиле никаков пишан документ, но цврсто се договориле дека: Организацијата да биде тајна и револуционерна; Дејствува на територијата на Македонија во нејзините географски и енографски граници, и затоа е внатрешна; Во организацијата да членуваат лица родени и што живеат во Македонија, без разлика на вера и народност; Политичкото верују на организираните Македонци е: автономија на Македонија; Да се запазува самостојноста на Организацијата, за да не падне под влијание на политиките на соседните држави.

Организацијата преку својата активност на теренот успеала да ги синхронизира своите револуционерни акции со поголем број групи и субјекти(македонските социјалисти, другите револуционерни сили и групи) со што создала комплексно единство на национално-ослободителното движење. Тој факт претставуваше голем и значаен чин во борбата за национално и социјално ослободување на македонскиот народ и на планот на остварување на македонската државност. Истовремено, беше и битен чин  во новата историја на Македонија, во смисла на сплотување на македонскиот народ со народностите кои живееја во Македонија.

Пред неа стоеја големи и одговорни задачи. Прва од нив беше поставување на организациона структура за ефикасно дејствување. Истовремено се организираше и народот за борба против постојниот деспотски режим и против дејствувањето на странските пропаганди. Тоа особено се однесуваше на спротивставувањето на Егзархијата, штетната химера, која се обидуваше да се вовлече во организмот на македонската самодејност, како и на врховизмот, подлиот Тројански коњ, осмислен од бугарскиот царски двор, со цел да се вовлече во македонските работи(Христо Андонов – Полјански).

Организацијата преку своите револуционерни акции ја ширеше организационата мрежа и ги насочуваше народните маси кон вистинскиот пат на револуцијата. Во тие самопрегорни активности на Организацијата се изнедрија нејзините највидни корифеи и херои: Гоце Делчев, Даме Груев, Ѓорче Петров, Јане Сандански, Димо Хаџи Димов… Тие и плејадата други , му дале импулс и поттик на револуционерното движење, го омасовиле, ја доразвиле народно-демократската концепција за автентична револуција за социјална и политичка слобода. Сите тие како идеолози, стратези, револуционери и водачи пристапиле кон етапно изведување на македонската револуција. Ја изведувале како низа од постојани револуционерни дејствија и потфати, чијацел била – општонародно вооружено востание. Притоа да се запази автохтониот пат и неговото изодување со самостојни сили. За таа цел Организацијата прераснала во “држава во држава“, со свои органи, тела, полиција, судство и вооружени формации. Тоа практично значело создавање на револуционерна власт, како реална основа за изградување на автономна и самостојна држава – Македонија, држава на македонскиот народ. За сите овие работи, во и околу Организацијата, и за Делото, нешто повеќе и поконкретно во следните колумни.

Сотир Костов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Груевски објави факти за Царот Самоил: Не…

Не постои запис кој ќе потврди како…

Петровска до ВМРО-ДПМНЕ: Каде сте „патриотчиња“ –…

Во синоќешното обраќање од собраниската говорница, ексминистерката…

СИГУРНАТА ИДНИНА НА АЛБАНЦИТЕ Е НАЈВАЖНА: ВЛЕН…

Новата организација на Владата ќе овозможи поголем…