Муртезани: На 18 ноември билатерална средба меѓу владите на Македонија и Косово во Приштина

t

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, попладнево соопшти дека на 18 ноември во Приштина ќе се одржи билатерална средба меѓу владите на Македонија и Косово.

Муртезани во интервју за „Лајм“ потенцира дека важноста на оваа посета е зајакнувањето на соработката и стабилноста на регионот.

-На 18 ноември Владата на Република Северна Македонија предводена од премиерот Христијан Мицкоскиќе ќе претстојува во посета на Приштина, за билатерална средба влада со влада. Оваа посета е доказ за јасната ориентација на Владата кон регионалната соработка и зајакнување на односите со Косово, отфрлајќи ги обвинувањата и клеветите на албанската опозиција дека новата влада е ориентирана кон Србија. Со оваа волја паѓаат во вода сите тие обвинувања од опозицијата, особено албанската, кои се обидуваат да го покријат стравот од прифаќање на фактот дека се во опозиција продавајќи магла дека Северна Македонија е ориентирана кон Србија, рече Муртезани, стои во информацијата од политичката партија Алтернатива од коалицијата „Вреди“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се врати во Македонија првиот од 115…

Попладнево во земјава пристигна првиот пациент кој…

ДУИ: Фактот дека од 35-те приведени лица,…

Демократската унија за интеграција изразува најискрено сочувство…

„Мајкино око душата ми е распарчена“: Млада…

Трагедијата која го погоди Кочани и целата…

Факултетско студентско собрание на Филозофскиот факултет при…

Независно Студентско Собрание при УКИМ соопшти дека…

(Возневирувачко видео) Се прошируваат гробиштата во Кочани,…

Гробиштата во Кочани се прошируваат за да…