Муртезани од Киев: „Македонија дава целосна поддршка на Украина, ја осудуваме руската агресија“

t

Во рамки на работната посета на Украина, министерот за европски прашања Орхан Муртезани денеска остварил повеќе средби на кои „ја потврдил поддршката на Македонија за процесот на европска интеграција на Украина“, соопшти неговиот кабинет.

Муртезани во Украина го истакнал и целосното усогласување на Република Македонија со Заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, што е основа за нашата стратешка ориентација во однос на глобалните безбедносни предизвици.

Тој рекол и дека со цел да ја зајакне својата улога како одговорен и конструктивен партнер на меѓународната сцена, Македонија, во контекст на посветеноста на процесот на европска интеграција, ќе продолжи активно да ги поддржува напорите на Европската унија и нејзините членки на НАТО за мирно решавање на конфликтот во Украина, унапредување на стабилноста и активно учество во глобалните иницијативи за унапредување на безбедноста во регионот.

Во контекст на актуелните геополитички случувања и новите предизвици кои произлегуваат од руската воена окупација на Украина, министерот Муртезани на средбата рекол и дека Македонија, како членка на НАТО, ќе ја усогласи својата позиција со стратегиите и одлуките што ќе бидат донесени од Алијансата, велат од кабинетот на Муртезани, без да наведат со кого точно се сретнал министерот во Киев.

„Ја осудуваме руската агресија и ја даваме нашата целосна поддршка на украинските лидери во нивните напори да постигнат мир и стабилност во регионот заедно со нашите заеднички стратешки партнери. Во тесна соработка со нашите сојузници во НАТО, ќе продолжиме да се залагаме за изнаоѓање трајно решение кое ќе стави крај на војната и ќе обезбеди траен мир. Република Северна Македонија останува посветена на процесите кои ќе доведат до стабилност, поддржувајќи го украинскиот народ во неговата борба за слобода и безбедност“, рекол министерот Муртезани, според неговиот кабинет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украинската армија доби нов командант

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…

Русија и Украина повторно разменија заробеници

Нова група руски војници е вратена од…

Украина дозволи двојно државјанство за справување со…

Парламентот на Украина денес усвои нов закон…

Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…

Канада објави нов пакет одбранбена помош за…

Путин да се фокусира на мирот во…

Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани…