Муфтија ќе биде економски промотор на Македонија во Ријад

t

Министерството за надворешни рабооти и трговија назначи досега двајца специјални пратеници за економска прoмоција вo странствo, но и двајцата сo пoлитички бекграунд.

Заради економска прмоција и инвестиции, во Чикагo е испратен Петрит Муслиу, а во Ријад, Саудиска Арабија, ќе оди Салим Сулејмани, кој оди таму со дипломатско звање Министер советник.

Салим Сулејмани во мај објави дека поднесува оставка од сите функции во Алијансата за Албанците, предводена од Арбен Таравари, како и од функцијата пратеник во Собранието. Како причина за оставката, Сулејмани ги наведе моралната, професионалната и политичката одговорност. Тој по професија е теолог кој служел како муфтија во Струга.

Во објава на социјалната мрежа Фејсбук, Сулејмани остро го критикуваше неодамнешното приближување на неговата партија кон Демократската унија за интеграција (ДУИ), особено во контекст на претстојните локални избори.

За Петрит Муслиу, синот на аналитичарот Алберт Муслиу, се дозна дури во 2022 дека е испратен како генерален конзул во Чикаго, иако бил предложен уште на 20 декември 2019,. П

Актуелната власт како тогашна опозиција критикуваше дека Муслиу бил избран за генерален конзул без никакви критериуми и дека му е шура на тогашниот функцинер од СДСМ, Дарко Каевски.

извор: Фактор.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Муфтија ќе биде економски промотор на Македонија…

Министерството за надворешни рабооти и трговија назначи…

Пумпите на Ѓавато сепак биле исклучени,трошеле многу…

Речиси четири месеци не тече вода во…

Казни до 5.000 евра и доживотен затвор:…

Во земјата, омилена дестинација за повеќе туристи,…

Колапсот на човечката цивилизација е најверојатно сценарио

Како што известува The Guardian, сеопфатна историска…

Обвинителството бара. притвор за кавадарчанецот кој го…

Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за…