Објавено на:

Мухамед ал Башир е назначен за шеф на привремената влада на Сирија

t

Лидерот на сириската опозиција Мухамед ал Башир објави дека е назначен за шеф на привремената влада на Сирија за преоден период.
„Со одлука на главната команда не овластија да формираме привремена влада. Се претпоставува дека ќе се реализира до 1 март 2025 година“, изјави Башир, говорејќи на телевизијата „Ел Хадас“.
Како што додаде, одлуката е донесена денеска на средба на претставници на раководството на вооружената опозиција, претставници на опозициската „влада на национален спас“ и претставници на поранешната власт.


Башир е инженер и дипломиран правник. Неодамна тој беше премиер во таканаречената „Влада на националниот спас“ формирана од вооружената опозиција во сириската провинција Идлиб.
Сега Башир е овластен да формира ново раководство во Сирија и, на крајот, да одржи избори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД ќе го намалат бројот на американски…

САД ќе го намалат бројот на своите…

Европската унија ги укина економските санкции против…

Европската Унија ги укина економските санкции врз…

ЕУ одлучи да ги укине економските санкции…

Шефовите на дипломатиите на Европската Унија попладнево…

Саудиска Арабија и Катар го отплатија долгот…

Светската банка денеска објави дека Саудиска Арабија…

Трамп е воодушевен од лидерот на Сирија,…

Американскиот претседател Доналд Трамп се сретна со…