Муцунски во Дубаи на Самитот на влади: Македонија меѓу светските лидери за обликување на иднината
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од денеска престојува во повеќедневна работна посета на Обединетите Арапски Емирати. Тој ќе ја претставува земјава на престижниот Светски самит за влади во Дубаи, кој годинава се одржува под мотото „Обликување на идните влади“.
На овој глобален настан учествуваат над 35 шефови на држави, 20 претседатели на меѓународни организации и над 500 министри. Фокусот на Муцунски ќе биде ставен на глобалните логистички и трговски системи, каде ќе се обрати на панел-дискусијата посветена на промените во новиот логистички поредок.
Како дел од посетата, најавено е потпишување на важен Меморандум за разбирање меѓу владите на Македонија и ОАЕ, како и низа билатерални средби со претставници на мултинационални компании. Од МНР истакнуваат дека ова учество е потврда за заложбите на македонската дипломатија за продлабочување на односите со арапскиот свет и клучните меѓународни актери.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Муцунски во Дубаи на Самитот на влади:…
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,…
Сиљановска-Давкова од Дубаи: Вештачката интелигенција не треба…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова порача дека глобалните промени…
Златото и среброто продолжуваат со остриот пад
Златото и среброто го продолжија својот пад…
Признание од Владата: „Буџетот не е во…
Сојузот на социјалдемократи на Македонија оценува дека…
Бензините по старата цена, дизелот поскапува
Од полноќ Еуродизел горивото поскапува за половина…