Муцунски и Борел го потпишаа Договорот за безбедносно и одбранбено партнерство

t

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел вчера во Брисел потпишаа Договор за партнерство за безбедност и одбрана меѓу Република Македонија и Европската Унија.

Договорот за партнерство меѓу земјава и ЕУ ќе придонесе за зајакнување на отпорноста и ќе овозможи заедничко справување со безбедносните предизвици, како хибридните закани, зајакнување на кибер безбедноста, борбата против тероризмот и надворешните аспекти на интегрирано гранично управување, спроведување на мисии и операции и поефикасна соработка во други области од сферата на безбедноста и одбраната.

Партнерството воедно претставува значаен чекор во продлабочувањето на практичната соработка меѓу земјава и Европската Унија.

Во соопштението се посочува дека актуелната неиспровоцирана и неоправдана агресивна војна на Русија против Украина ја истакнува критичната важност на единството и блиската соработка на ЕУ и со нејзините најблиски партнери.

Според ЕЕАС, потписот на Договорот за партнерството за безбедност и одбрана ќе биде од корист за граѓаните и на ЕУ и на земјава преку промовирање на мирот, стабилноста и безбедноста.

Пред потпишувањето на Договорот, на прес-конференција по завршувањето на Советот за надворешни работи, Борел истакна оти овој документ е доказ дека ЕУ е повеќе од само економска унија, туку и дека е политичка унија со одговорности во сите делови на политичкиот живот, вклучително и безбедноста и одбраната.

Македонија е прва земја од регионот на Западен Балкан што воспоставува вакво партнерство со ЕУ. Во следниот период се очекува ЕУ ваков договор да потпише и со Албанија, откако претходно слични спогодби склучи и со Јапонија, Јужна Кореја, Канада, Норвешка и Молдавија, како инструменти што дополнително ја потврдуваат посветеноста на Унијата за јакнење на европската безбедносна архитектура.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како членките на ЕУ им помагаат на…

Податоците на Евростат велат дека во 2021…

Фон дер Лајен: Постигнати се пресвртници во…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

Главчев за Македонија: Не е нормално земја…

„Денеска ќе бидам на самит во Брисел…

Турција ќе добие уште една милијарда евра…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

Албанија отвори уште еден кластер во преговорите…

Денеска во Брисел се одржа третата меѓувладина…