Муцунски на средба со украинската амбасадорка Дир: Македонија останува силен поддржувач на Украина
Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, информираше дека остварил средба со амбасадорката на Украина во земјава, Лариса Дир, при што ја реафирмирал силната поддршка на Северна Македонија за Украина.
„Задоволство ми беше да се сретнам со украинската амбасадорка Лариса. Ја потврдивме нашата силна поддршка за Украина и нагласив дека како членка на НАТО остануваме посветени на обезбедување политичка и практична помош“, напиша Муцунски на својот профил на Х.
Тој додаде дека Владата повторно ја продолжила мерката за привремена заштита на украинските државјани кои престојуваат во Северна Македонија.
Официјалниот став на Скопје останува во согласност со заедничката политика на НАТО и Европската унија за поддршка на Украина во справувањето со последиците од воената агресија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Муцунски на средба со украинската амбасадорка Дир:…
Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, информираше…
Утрово студенти и граѓани ја блокираа зградата…
Студентите во блокада на факултетите на Универзитетот…
Во кичевско Зајас, пронајдени оружје и муниција…
На 18.08.2025 околу 23:10 часот во с.Зајас,…
Мерц: Средба меѓу Путин и Зеленски ќе…
Рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател…
Израел нуди хуманитарна помош за Јужен Судан
Израелската влада ќе обезбеди итна хуманитарна помош…