Му ги кинеле гаќите, тетратките и учебниците – првенец на генерација две години трпел врсничко насилство во Градско!
Ученик во деветто одделение во основното училиште “Даме Груев” во Градско, кој е и првенец на генерацијата, подолго време бил изложен на врсничко насилство од своите соученици, што е пријавено во полиција и кај директорот на училиштето, пренесува велешкиот портал Дума.мк.
– Моето 14 ипол годишно машко дете минатата и оваа учебна година континуирано било изложено на булинг. Се додека на 11 ноември годинава, дома не се врати со искинат долен веш и со гребаници. Му удирале фиски по главата, му го уништувале училишниот прибор и му го фрлале низ прозорец. Цело време моето дете молчело поради срам”, раскажува родителот на малтретираното дете, кое поради тоа веќе три недели не оди на настава.
Тој го пријавил случајот кај класниот раководител Благој Ристов и кај директорката Таца Дукова, а на 12 ноември го пријавил случајот и во СВР Велес.
Родителот на детето е разочаран е од институциите зашто во изминатите 17 денови никој не помогнал во надминување на траумите што малолетното дете ги претрпело.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Наставник натепал ученик, се огласи министерот Шаќири
Тетовската полиција соопшти дека уапсиле наставник кој…
Домашен притвор за родителот кој тепаше ученик…
Во домашен притвор е родителот од Битола,…
Ученик од основно училиште во Загреб составил…
Ученик во основно училиште во Загреб составил…
Притвор за тројца мажи кои претепале две…
Основното јавно обвинителство Кочани поведе постапка против…
Ученикот што соблече девојче во тоалет во…
Во основно училиште во скопската населба Аеродром,…