Му се заканувал дека ако не соработува ќе му влезе дома и ќе му го нападне семејството: ОЈО Скопје поведе постапка против 39-годишен осомничен за изнуда

t

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 39-годишник осомничен за кривично дело – изнуда. Како што информира ОЈО-Скопје, осомничениот на 10 август, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, со употреба на сериозна закана, присилил еден оштетен да му даде пари 7 000 евра.

Откако во текот на јули две жени, со кои оштетениот имал претходни деловни односи во врска со препродажба на опрема за копање на криптовалути го запознале осомничениот со оштетениот и му ги дале неговите контакти, тој закажал средба со него и започнал да му се заканува дека ќе го загрози неговиот живот и тело како и на неговите блиски доколку не му ги исплати парите за наводен долг од 16 500 евра кон двете жени.

„Му се заканувал дека ако не соработува ќе му влезе дома и ќе му го нападне семејството и децата, а во една можност и директно физички го нападнал на паркинг пред работното место удирајќи го со тупаници. Откако се договориле за време и место за првата рата од исплатата, оштетениот го пријавил и осомничениот бил затекнат при приемот на парите од изнудата“, се вели во соопштението од Обвинителство.

Од ОЈО Скопје информираат дека јавниот обвинител до судијата на претходна постапка предложил на осомничениот да му бидат определени: забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, обврска да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган, привремено одземање на патните или други исправи за преминување државна граница, односно забрана за нејзино издавање и забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти или врски со определени лица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Му се заканувал дека ако не соработува…

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…

(Видео) Апокалиптични сцени од Грција – пожарот…

Шумски пожар поттикнат од силни ветрови беснееше…

Активни пожари во Кичево, Македонски Брод, Пехчево,…

Вкупно 45 пожари на отворен простор имаше…

Се гасне пожарот во пехчевско, вклучени хеликоптери…

Пехчево денеска е завиено во чад, по…

Речиси два дена се трага по маж…

Речиси 48 часа е исчезнат граѓанин од…