Мјаука и Тошковски – МВР: Нема кривична одговорност кај Гаши
Нема кривична одговорност кај Гаши за тоа што го пратил шефот на своето обезбедување на скопскиот аеродром поради косовската претседателка Османи, тврди министерот Тошковски по прозивките на опозициската СДСМ дека власта го гонела само полицаецот, но не и собранискиот спикер. За евентулна политичка одогорноост на Гаши, каква што бараат пак Левица со интерпелацијата, Тошковски упатува на парламентот.
Но, засега од владејачкотот мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди не гледаат причина за политичка одговорност на собранискиот претседател. Коментираат дека се работи за смислено политичко сценарио за да се предизвика како што велат политички земјотрес во државата.
Се прави конструкција со обезбедувањето на Претседателот на Собранието. Левица е подносител на интерпелација, СДСМ е подржувач, а ДУИ бара алиби за јавно да влезе во ова друштво и од страничен подбуцнувач да ја преземе улогата на политички координатор. Што е целта? Сигурно не е одбрана на дипломатските односи со Косово, ниту Охридскиот Рамковен договор, туку целта е да се предизвика политички земјотрес….Пратениците на ВЛЕН се подготвени да ја бранат честа на Албанскиот народ, стратешкото партнерство со САД и ЕУ вредностите“, велат од албанскиот партнер.
Слични пораки и од ВМРО-ДПМНЕ.
Да потсетиме имаше времиња кога пајаци од градски паркинг удираа полициски работници и никој со прст не мрдаше и десеттици случаи од ваков тип на непостапување и безредие во владата на ДУИ и СДС. Ние докажавме дека држава има и дека законите мора да важат за секого. Обидите на СДС, ДУИ и Левица да ќарат политички поени на оваа тема не не изненадуваат и очекуваме вакви и слични обиди за девијантно однесување од нивна страна и во иднинa.
Од ВМРО-ДПМНЕ ги цитираат и записниците од МВР за исти инциденти со Османи во септември и октомври 2023 година во кои само била констатирана состојбата за недоразбирање со аеродромскотот обезбедување со косовската претседателка која надвор од стандардните процедури не дозволила да и биде прегледан багажот повикувајќи се на дипломатски имунитет. При тоа, посочуваат дека МВР во времето на СДСМ и ДУИ не презела ништо за ваквото прекршување на процедурите, за разлика од сега.
Од опозицијата пак, не отстапуваат од тоа дека Гаши има одговорност, а дека ВМРО-ДПМНЕ преку МВР ја спасува владината коалиција.
„Ниту СДСМ ниту кој било друг не напиша јасно во полицискиот извештај дека е издадена ‘незаконска наредба од страна на претседателот на Собранието‘. Треба ли поголем доказ од ова? За жалење е и министерот Тошковски кој наутро во извештајот пишува незаконска наредба од Гаши, а вечерта го брани дека немало основа за кривична одговорност. Сè што е спротивно на Законот носи правна одговорност и ова е класично замижување пред правдата со цел да се спаси коалицијата“, коментираат од СДСМ.
Гаши се уште нема никаква реакција за поднесената интерпелација од Левица и за барањата на опозцијата за негова смена.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мјаука и Тошковски – МВР: Нема кривична…
Нема кривична одговорност кај Гаши за тоа…
Пезешкијан до Макрон: Иран го задржува правото…
Техеран го задржува правото да одговори на…
„Вашингтон пост“: Иран може да ја преиспита…
Претставници на Белата куќа веруваат дека интензивните…
Украинската армија ја зазеде единствената станица во…
Украинската армија, која влезе во регионот Курск,…
Во Косово потврден првиот случај на заразен…
Националниот институт за јавно здравје на Косово…