М-НАВ: Нема никакви потешкотии и проблеми во авиосообраќајот

t

Авиосообраќајот во државава се одвива без никакви потешкотии и никакви проблеми согласно меѓународни процедури за навигација, информираа денеска од М-НАВ, АД во државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловната навигација.

М-НАВ посочува дека поединци со дневополитички дезинформации сакаат да постигнат цел за личен бенефит.

– Ве известуваме дека информациите кои излегоа во јавноста за потешкотии во авиосообраќајот се целосно неточни и во целост ги отфрламе. Авиосообраќајот во државава се одвива без никакви потешкотии и никакви проблеми согласно меѓународни процедури за навигација. Во М-НАВ сите критични системи се дуплицирани и не постои никаква опасност од наводно загрозување на безбедноста на авиосообраќајот. Во однос на дезинформацијата за немање безбедна VHF комуникација со пилотите сакаме да ја известиме јавноста дека во овој момент се користи Солунска Глава како примарна точка од каде се комуницира со пилотите. Дезинформациите се дневополитички на поединци кои сакаат да постигнат одредена цел за личен бенефит, а притоа инволвирајќи го М-НАВ во тоа – се вели во информацијата од М-НАВ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

М-НАВ: Нема никакви потешкотии и проблеми во…

Авиосообраќајот во државава се одвива без никакви…

Намален бројот на невработени за 1 процент

Во првото тримесечје од 2026 година бројот…

Димитриевски: Необољшевици го водат СДСМ кои се…

Претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија,…

Романија го затвора рускиот конзулат и го…

Романскиот претседател Никушор Дан, по состанокот на…

ВРЕДИ: Блерим Беџети молчеше 1058 дена, денес…

Постои едно едноставно прашање на кое Блерим…