„Навечер, кога сме сами, како преживуваме и ние не знаеме“ – родителите на Андреј Стојанов
Андреј Стојанов е убавото, харизматично и воспитано момче, кое речиси и да нема кој не го знае во неговото Оризари и во Кочани. Дипломиран информатичар, вработен во угледна програмерска компанија во Скопје, момче кое многу го сакало својот крај, од кој никогаш не сакал да замине.
Кобната вечер излегол во Пулс со уште тројца свои другари. Од четворица на масата, тројца ги загубија животите во трагедијата.
Неговите родители, Томче и Светлана, останаа без својата ѕвезда водилка.
viber slika
„Те така, поготово навечер, кога сме сами, како преживуваме и ние самите не знаеме. Секој вика борете се за другото дете. Тоа дете си има една целина, ова е друга целина. Прескромен, на секој добро, на секој поштовање, на секој ведрина. Секој што го знае рекол Андреј чесен, добар. Ама таа доброта замина. Четворица биле на маса во диското, од тие тројца загинаа. Андреј Лазаров, нашио Андреј и Стојанче Стефанов. У хаосо, у гужвата, некои деца речеа ми – искочи он надвор, вика, ама приаѓат, улават, излават, помагат. Ситуацијата, катастрофата, како настанала, ние ја разбравме од неговата девојка, пошто он преку дента со неа во Скопје бил, изјави за „На претрес со Ландов“, Томче Стојанов, таткото на Андреј на 11 мај.
Неговата мајка ноќта на несреќата имала лошо претчувство.
„Јас таа вечер бев многу вознемирена, не знам што ми беше. Си легнав не можев да заспијам, станав и само шетав низ собите. Во три и нешто ми ѕвоне Катја (девојката на Андреј) и вика ѕвонам на Андреј, не ми се јавува, а не ми е пишал дека е дома. Вика видов на телефонот дека диското горе. Бргу го разбудив татко му, ѕвонив на Лазаров, они не знаеја дека син им не е дома, проверија и заедно тргнавме. Дојдовме во кочанската болница, хаос беше. Кажаа ни дека има жртви, они ги знаеле имињата, ама не ни ги кажаа, излажаа не. Рекоа не ги знаеме имињата на жртвите. Јас Томче го оставив во кочанската болница, не ни помисливме на најлошото, не верувавме. Он е одговорен и силен, вели Светлана Ристова Стојанова, мајка на Андреј.
„Штип нема, Скопје нема, назад Штип пак нема никакви информации и почна да ме гризе психата, викам има катастрофа тука, чим нигде го нема на некој список, има полиција пуно, таму стојат пред влезот на таа просторија починатите дека ги носат. Јас бев со таа слика на протестите што сум со неа. Покажувам, давам податоци, они рекоа, ќе видеме, тамј улегна еден полицаец и го сликал, искочи, одма го идентификувал. И боцкаа ме, држаа ме и кога дојде мајка му што да и кажам. Што е ситуацијата со Андреј? Кажав и катастрофална, дека е настрадал. Она се онесвести, почна хаос поголем да настанува. Кога дојде она при свест, со големо плачење и молење после два саати ја пуштија да го виде. Андреј целиот комплет, прав, само ми вика „не дише нашиот Андреј“, се сеќава Томче.
Целиот разговор на родителите на Андреј за „На претрес кај Ландов“ објавен на 11 мај 2025, можете да го погледнете тука:
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Навечер, кога сме сами, како преживуваме и…
Андреј Стојанов е убавото, харизматично и воспитано…
Еве зошто Крис Павловски не инвестираше: Според…
Водењето бизнис во Северна Македонија е генерално…
Толку од миротворецот Трамп – Хегсет до…
Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет одржа…
Мицкоски: За да бидете патриоти правете деца
Формирањето семејство, формирањето многудетно семејство е највисок…
Отворена уште една предистрага во обвинителството за…
Во тек е проширена истрага за случајот…