Навивачи на Победа сакале да ги тепаат фудбалерите и раководството на клубот
Навивачи на Победа ќе добијат пријави од полицијата откако после завршувањето на мечот со Шкендија вчера попладне со поразот со 1-3, сакале да ги нападнат фудбалерите и раководството на клубот, објави МВР во својот полициски билтен.
Инцидентот со обидот да се нападнат фудбалерите и раководството се случил после завршување на мечот, а шестмина од напаѓачите со поддршка и на други лица, па влегле на теренот со цел да се пресметаат со играчите и раководството по што интервенирала полицијата.
После интервенцијата како што објави МВР, навивачите се агресивно се однесувале и спречиле извржување на службена должност по што ќе им бидат поднесени пријави.
„На 02.10.2022 во Прилеп, по завршување на фудбалскито натпревар од Првата македонска фудбалска лига помеѓу ФК „Победа“ од Прилеп и ФК„Шкендија“ од Тетово, лицата Ф.И., В.С., Н.Н., А.И., К.С. и Д.Х. и други лица од Прилеп влегле на фудбалскиот терен со цел физички да се пресметаат со управата и играчите на ФК „Победа“, а при интервенција на полициски службеници тие агресивно се одбнесувале кон и нив и ги спречувале во извршувањето на службените дејствија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“, објавија од МВР.
извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп закажа средба во Белата куќа со…
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп…
Во Појасот Газа за 24 часа убиени…
Палестинското Министерство за здравство соопшти дека во…
Вучиќ најави голема воена парада во Белград…
Српскиот претседател Александар Вучиќ за време на…
Расчистена кражба после година и пол: Од…
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…
ДУИ и Алијанса на Таравари: Стоилковиќ ги…
ДУИ и Алијансата за Албанците на Арбен…