Нагло паѓаат цените на златото и среброто: од каде дојде овој ценовен шок?
Цените на златото и среброто нагло паднаа, откако претходно достигнаа историски рекорди. Цената на златото се симна од рекордни 5.600 долари на околу 4.770 долари за унца, додека среброто во петокот падна за дури 31%, што претставува најголем процентуален пад од март 1980 година.
Само ден претходно, златото достигна нов историски максимум, а среброто се тргуваше по 120 долари за унца. Но падот следеше ненадејно и силно, отворајќи прашања за причините зад оваа драматична корекција.
„Златната треска“ на почетокот на 2026 година
На почетокот на 2026 година, интересот за злато достигна врв. Ширум светот, луѓето се редеа во редици за да го продадат златото што веќе го поседуваат, да купат златни прачки и монети за првпат или да инвестираат преку ETF-фондови, кои ја следат вредноста на златото слично како акции.
Во средата, цената на златото на спот-пазарот во Њујорк надмина 5.418 долари за тројска унца, но веќе до петокот фјучерсите паднаа под 5.000 долари, што аналитичарите го гледаат како знак за поширока пазарна корекција.
Политички шок и зголемена нестабилност
Осцилациите дополнително се засилија откако во јавноста протече информација дека американскиот претседател Доналд Трамп планира да го номинира поранешниот функционер на Федералните резерви, Кевин Ворш, за нов гувернер на централната банка на САД.
Ова отвори сериозни прашања за идната независност на ФЕД, особено затоа што Ворш важи за „јастреб“ – економист кој поддржува повисоки каматни стапки за борба против инфлацијата.
Зошто златото и среброто скокнаа – и зошто сега паѓаат?
Според аналитичарите, сè се сведува на несигурноста. Во турбулентни времиња, инвеститорите традиционално се свртуваат кон златото и среброто како „безбедно засолниште“.
Цените на златото претходно нагло пораснаа за време на пандемијата на COVID-19, поради воените конфликти и глобалните тензии и и поради царинските политики и трговските закани на Трамп.
Последните рекорди се совпаднаа и со ескалација на геополитичките тензии во Венецуела и Иран, изјавите на Трамп за можен американски презем на Гренланд и и неговиот сè поостар став кон традиционалните сојузници на САД.
„Психолошка реакција“ на инвеститорите
„Има вистински распад во начинот на кој го разбираме светскиот поредок“, изјави Даниел Мекдауел, професор по политички науки на Универзитетот Сиракјуз, за Associated Press.
Тој објаснува дека во моменти на нестабилност, купувањето злато често е психолошка реакција – обид на луѓето да најдат сигурно место за својот капитал.
ФЕД, Трамп и каматните стапки
Трамп најави дека ќе номинира нов претседател на ФЕД кој ќе ги намали каматните стапки, со цел да се намалат трошоците за сервисирање на огромниот американски јавен долг од 38 трилиони долари.
Актуелниот претседател на ФЕД, Џером Пауел, чиј мандат истекува во мај, често беше критикуван од Трамп затоа што, според него, не ги намалувал каматите доволно брзо.
Извор: Associated Press (АП)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нагло паѓаат цените на златото и среброто:…
Цените на златото и среброто нагло паднаа,…
(Видео) Дрска кражба среде бел ден во…
Снимка од кражба во Лондон, во населбата…
Од денеска полициските камери почнуваат со казни…
Камерите на безбеден град од денеска ги…
Вучиќ се произнесе за аферата со дрога…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, коментираше на…
Мицкоски: Прагот на толеранција за брзо возење…
Премиерот Христијан Мицкоски на првиот ден од…